ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кацарска: Пратениците да го комплетираат Уставниот суд затоа што Уставот предвидува девет судии

October 22, 2022 14:28
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

 Пратениците мора да смогнат сила и да го почитуваат Уставот, да го комплетираат Уставниот суд затоа што Уставот предвидува девет судии, изјави претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во интервју за „Слободна ТВ“, по повод актуелниот проблем со недостигот на уставни судии Кацарска.

Колку што имам информација  веќе заврши дискусијата за двајца судии, тоа значи дека остануваат уште две непополнети места и според мене секако дека е добро што ќе се изберат двајца судии, но сметам дека пратениците мора да смогнат сила и да го почитуваат Уставот, да го комплетираат Уставниот суд затоа што Уставот предвидува девет судии, рече Кацарска.

По последните обвинувања во Собранието околу изборот и предлагањето на кандидатите за уставни судии Кацарска одговори дека таа веќе има свој став за тоа затоа што си ја знае работата, но вели, нема да коментира за да нe го кажува однапред  мислењето, тоа ќе го кажам во салата за седници”.

Во врска со темата околу довербата во судството, претседателката на Уставниот суд порача дека во земјава има судии, обвинители и адвокати со кои може да се гордее, но за жал има и такви на кои не им е местото во судството.

Ако зборуваме постојано за корупција а немаме конкретни предмети тогаш како ќе ја вратиме довербата? Не значи дека еден судија треба да биде само разрешен поради нестручно постапување, јас секогаш велам дајте да видиме кој од нас со каков имот располага, кој како се однесува и какви средби има со политичари. Јас постојано велам, мора институциите да се позанимаваат со судството. Јас сум човек којшто зборува отворено и тврдам дека мора да се провери имотот на судиите, рече Кацарска.

Во однос на тоа како гледа на политичките напади, Кацарска со став дека тоа што зборуваат политичарите воопшто не допира до неа и оти тоа тие го прават за свои политички поени, за својата политичка кариера, која, вели, не допира до неа затоа што се лаги и невистини.

Не е лесно да си судија, зборуваме за судии професионалци, чесни судии. За нас таквите е важно секој еден доказ да го ставаме пред нас. Треба да се аргументира секој доказ, вербален материјален сеедно, врз основа на тие докази ги носиме пресудите. Со оглед на големиот број на пресуди коишто сум ги донела тоа се илјадници пресуди, тоа значи многу ноќи непреспиени. Не е лесно да изречете казна затвор макар и од 30 дена, кога ги читам пресудите јас повеќе не размислувам за ништо затоа што веќе сум убедена дека мојата одлука е исправна, рече Кацарска на прашањето како се чувствувала кога гичитала пресудите на високите функицонери.

Кога ќе одлучите да бидете судија, додаде Кацарска, знаете дека тоа  може да има последици по вашата безбедност и оти мора да сте цврст, јак човек и не треба да се плашите.

Но судијата треба да биде професионален, стручен да почитува закони и ништо повеќе од тоа. Има опасности, на пример додека ги судев предметите од СЈО имаше ризик за мојата безбедност и ден денска се случуваат непријатни ситуации, но во ниеден момент не се плашам. Единствено морам да бидам искрена и да признаам дека нелагодно се чувствував пред изрекување на тие пресуди, бидејќи многу знаење, многу труд, многу енергија вложив во тие предмети и не посакував да ми се случи нешто додека не ги објавам тие пресуди, затоа што граѓаните на Република Северна Македонија заслужуваат да знаат што точно се случувало во тој период. Мора да има владеење на правото, заклучи Кацарска.

Next Post

Марихуаната не е само дрога, како треба да се известува?

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk