ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Проруско скандирање за руското самоуништување

October 24, 2022 13:45
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ

Десетици медиуми во Македонија индискретно се радуваат на секој успех на руската агресија во Украина или без никаква грижа на совест свесно ја пренесуваат и шират пропагандата на Кремљ, за оваа безочна агресија во 21 век чија грозоморност стигна до неверојатните предели на злото – да повикува украинските деца да бидат удaвeни. Перверзната поддршка во Македонија за политиката на Кремљ е вон сите рационални критериуми.

Дури и да се тргнат на страна некои многу јасни и по сите основи проверени показатели како што е фактот дека руската дипломатија никогаш не ја поддржувала тенденцијата на било кое македонско движење за македонска државност, дека независноста на Македонија се случи со поддршка на Велика Британија и САД (читај мемоари на Киро Глигоров), дека македонската економија е 80% зависна од европскиот заеднички пазар, дека сме членка на НАТО под чиј чадор сме безбедни во ова крајно небезбедно време… Сето тоа наречете го, колку и да не е, некаква европска и американска пропаганда, а мене жртва на истата.

Да претпоставиме дека мнозинското проруско расположение во Македонија се должи на големината на руската култура, наука или уметност која ни е по славјанска линија блиска и со која по истата основа би можеле да се идентификуваме и ние самите. Зошто да не!? Еве да говориме, на пример, за руската научна мисла. Во времето на Петар Велики или периодот на просветителството, па потоа и Михаил Ломоносов – даваат голем поттик на руската научна мисла.

Во 19-тиот и 20-тиот век, Русија произведе многу значајни научници, давајќи важен придонес во физиката, астрономијата, математиката, хемијата, биологијата… Руски научници се добитници на десетина Нобелови награди. Неспорно. И така, сѐ некаде до средината на 90 години кога оваа слава на руската наука влегува во тунел, за денес, во оваа време на Путин кој наводно ја враќа славата на Русија, да не можете да пронајдете ниту еден податок за позначаен успех на руската научна мисла освен ако тоа не е случај со научник од руско потекло кои своите потенцијали успеал да ги реализира во Европа или САД.  Историјата на Кандински, Маљевич, Буњин , Солжењицин… сите жртви на руските авторитарни режими, а во името на некакви имагинарни руски догми, се повторува.

За мене е сосема легитимна, па дури и интелектуално и морално потребна грижа за ова богато културно наследство кое не успева да се надгради и развие и кое задушено во малигните метастази на некаков си патриотизам и некоја имагинарна слава на големата Русија. Реалноста кажува нешто сосема поинакво од онаа слика во која Путин сака да се види себеси опкружен од медиокритети и опортунисти, кои го бодрат неговото лудило гледајќи во него можност за богатење и некакво значење, без кое би биле само еден од многуте опишани маргиналци во славниот расказ на Чехов „Човек во футрола“.

Реалноста говори дека денес славата на Универзитетот Ломоносов кој од првите 100 универзитети во светот сега е доведен на 150 место на Шангајската листа. Таа иста реалност денес познатата писателка Људмила Улитскаја ја исели од Москва на нејзина 79 годишна возраст или режисерот Кирил Сребреников кој ја ширеше руската култура и делата на славните руски писатели на театарските сцени и филмските платна низ Европа и светот освојувајќи врвни награди. Загрижените за руските културолошки доблести секако би требало да знаат многу повеќе од мене за оваа несреќа која му се случува на рускиот културен идентитет соочен пред налетот на таканаречениот патриотизам кој, парадоксално, наводно се бори за враќање на големата руска слава.

И кога сме кај тоа чудовиште кое се нарекува патриотизам и национализам, дозволете да се осврнам кратко на Србија или една култура со која сме длабоко испреплетени. Во 80 години Белград го препознававме по исклучително автентичните звуци и текстови на Новиот Бран, образувавме генерации со едно исклучително интересно и едукативно четиво каков што беше Политикиниот забавник, српската култура ја препознаваме по Капор, Киш, Десанка Максимовиќ, Пекиќ… за во 90-те на таа иста култура да ѐ се случи патриотизмот на Милошевиќ кој на сцена ги донесе сите Цеци, силикони и останат кич од кој Србија до ден денешен не може да се ослободи. И да, за крај, и јас сум проруски настроен во жалоста за уништувањето на еден богат дух силно врежан во цивилизациските доблести на човештвото.

П.С.

Македонската култура и идентитет не доживеала поголема навреда од патриотскиот проект Скопје 2014.

НОВАТВ.МК

Next Post

Пендаровски во Варшава одликуван со Орден на Белиот Орел, претседателот Дуда со Орден „8 Септември“

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk