ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вицепремиерот Маричиќ учесник на 18. Европски самит во Салзбург

October 24, 2022 09:09
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска учествува на 18.Европски самит во Салзбург, на покана на основачот и претседател на Институтот за региони во Европа (IRE), Франц Шаузбергер.

Вицепремиерот Маричиќ заедно со Никола Беер, заменик претседател на Европскиот парламент, Петер Лаунски-Тиефентал, генерален секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија, Лилиана Павлова, заменик претседателка на Европска инвестициска банка и Марко Штуцин, државен секретар за европски работи и меѓународно право на Словенија, ќе биде говорник на панелот насловен: „Дали Европа ќе ги преживее кризите?“.

На маргините на Европскиот самит,  Маричиќ ќе оствари средби со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, со генералениот секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија,  Лаунски-Тиефентал и Александар Симурдиќ, директор на Фондот за европски прашања на АП Војводина.

Официјалниот дел од Самитот ќе биде отворен од страна на домаќинот на Самитот, Франц Шаузбергер,  претседателот на Институтот за региони во Европа, а панелот на кој учествува Маричиќ ќе започне со поздравни обраќања на Карл Нехамер, Канцелар на Австрија, Јоханес Хан и федерална министерка за ЕУ и Устав на Австрија, Каролине Ештадлер.

Европскиот самит што се одржува по 18-ти пат оваа година, од 23-ти до 25-ти октомври 2022 година, е под покровителство на претседателот на Република Австрија, Александар Ван дер Белен и канцеларот на Република Австрија, Карл Нехамер. На истиот се очекува да има околу петстотини гости, многу значајни имиња од светот на политиката и над педесет меѓународни експерти, кои ќе земат учество на различните панел дијалози во следните два дена.

Учеството на вицепремиерот на овој Самит, кој годинава се одржува на тема „Европа и мир: „Визии за Европа: Очекувања и реалност“, претставува можност да се потврди јасната посветеност на Владата на патот на европската интеграција на Северна Македонија и нејзината решителност за исполнување на обврските од европската агенда.

Самитот отвара можност да се разгледаат и можностите за заедничко справување со предизвиците со кои се соочува цела Европа и за забрзување на процесот на пристапување во ЕУ.

Како и секоја година досега, Европскиот самит ќе биде емитуван во живо на Австриската телевизија и ќе се толкува на неколку јазици, а ќе може да се следи и на веб-страницата на IRE и на линкот http://www.salzburg-europe-summit.eu/livestream .

Next Post

Октомври е розов месец, но ракот не е нималку таков

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk