Посета на Полска како потврда за зајакнатиот политички дијалог меѓу Северна Македонија и Полска. Разговори со претседателот Анджеј Дуда за актуелните безбедносни прашања, енергетската и економската криза, предизвици со кои заеднички се соочуваме во Европа, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот фејсбук профил.
– Нашите европски интеграции се една од клучните точки на дискусија, имајќи ја предвид и силната полска поддршка што ја имавме за отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ, објави шефот на државата Пендаровски.