Новата реалност која ја живееме и ние и ЕУ бара конкретни чекори и одлуки кои ќе нè прават поединствени и ќе водат напред, објави на Фејсбук, вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Тој вели дека само со правилни одлуки и јасен стратешки план за проширување Европската Унија ќе ги надмине сегашните предизвици.
„Денеска На Европскиот самит во Салзбург ја отворивме најактуелната тема од почетокот на војната во Украина, а тоа е „Европа и мирот“ со фокус на „Визиите за Европа – очекувањата и реалноста“. Во овој отворен дијалог, со високите претставници на ЕУ, на национални влади од различни европски земји и академските експерти се осврнавме на важноста од обединување на ЕУ и се согласивме дека одлучна и просперитетна Европа е тоа што на сите ни треба“, истакнува Маричиќ.