ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Скрекас: Завршен маркет тестот за гасоводот со Северна Македонија

October 25, 2022 09:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На електричните поврзувања со Северна Македонија, Италија и Бугарија, кои Грција двојно ги зголемува, како и на завршениот маркет тест за интерконекторот за природен гас со нашата земја, се осврнал министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас на Самитот на Западен Балкан за енергетската безбедност и зелената транзиција во земјите од регионот, одржан вчера во Берлин, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за животна средина и енергетика на Грција соопштија дека во однос на природниот гас, Скрекас истакнал дека е завршено маркет тестирањето за гасоводот со Северна Македонија, кој се проценува дека ќе биде завршен до средината на 2025 година и станува збор за систем кој ќе биде 100 проценти подготвен за транспорт на водород, а исто така ја истакнал важноста и за пуштањето во употреба на гасоводот ИГБ, како и изградбата на новите пловни единици за складирање на течен природен гас во Александруполи и Коринт.

На Самитот, Скрекас потенцирал дека Грција ги удвојува електричните интерконекции со Северна Македонија, Италија и Бугарија, а до крајот на деценијата тројно ќе го зголеми капацитетот на интерконекцијата со Албанија.

Додал дека Грција ја зајакнува енергетската соработка со Западен Балкан.

-Убеден сум дека зајакнатата регионална соработка е клучот за справување со кризите, како оваа што денес ја живее Европа. Грција ја зајакнува соработката со соседните земји, имплементирајќи стратешки инфраструктури кои ќе понудат алтернативни извори на снабдување со енергија и максимално го зголемува навлегувањето на обновливите извори на енергија. Оптимист сум дека Западен Балкан ќе се приклучи на заедничката европска визија за зелена транзиција и ќе работиме со обединетост, заедно, за одржлива иднина на стабилност и издржливост за нашите граѓани, рече Скрекас.

Паралелно министерот за животна средина и енергетика на Грција го претставил стратешкиот план на грчката Влада за обезбедување енергетска безбедност, се осврнал на големиот напредок во областа на обновливите извори на енергија и истакнал дека „Грција се претвора во регионален центар за трансфер на зелена енергија“.

Next Post

Денови на медиумска писменост под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk