ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ховениер: САД сакаат да го видат Западен Балкан интегриран во Европа

October 25, 2022 13:29
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер изјави дека САД се заинтересирани да видат една обединета Европа, од која нема да бидат оставени надвор земјите на Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.

На меѓународната конференција „Самит на земјите од Западен Балкан 2022, градење мостови за мир, напредок и солидарност“, што во организација на „Економист“ и Владата на Косово денеска се одржува во Приштина, Ховениер рече дека стратешка цел на САД е во земјите од регионот и пошироко да владее мир и просперитет.

– Оваа (американска) администрација формира тим и им посветува внимание на низа прашања во регионот. Наши приоритети се развојот на регион во кој ќе владее мирот и просперитетот и поддршката на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европа, рече Ховениер.

Тој нагласи дека Вашингтон е заинтересиран за завршување на дијалогот меѓу Приштина и Белград, како и за зачленувањето на Косово во НАТО.

– Ние ги поддржуваме иницијативите, сé додека земјите кои учествуваат во нив се рамноправни. Во целиот регион имаме бројни програми кои ги финансираме, а тука во Косово имаме три стратешки цели. Сакаме дијалогот да заврши и Косово да стане дел од НАТО. Исто така сметаме дека треба да се направи повеќе за економскиот раст, а има предизвици и во енергетскиот сектор и во привлекувањето странски инвестиции, рече Ховениер.

Осврнувајќи се на војната во Украина, американскиот дипломат рече дека руската агресија е очигледен обид за дестабилизација на држави низ целиот свет.

Конференцијата утрово ја отвори косовскиот премиер, Албин Курти, кој говореше за успесите на неговата влада во минатите година и половина од кога е на власт, пред сé во развојот на демократијата и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Од Република Северна Македонија на самитот учествуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество, Адмирим Алити и заменикот министер за финансии, Филип Николовски. Панел дискусиите на кои тие ќе имаат обраќања се предвидени за попладневната сесија на конференцијата.

Покрај неколкуте претставници на Владата на Косово, на конференцијата учествуваат и над дваесет домашни и странски експерти и раководители на организации и институции од областа на безбедноста, економијата, финансиите, технологијата, животната средина итн., како и претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и шефот на канцеларијата на Европската унија во Приштина, Томаш Суниог. 

Next Post

Сунак и официјално нов британски премиер: Ќе се носат тешки одлуки

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk