ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Од Србија непречено може да се увезува компримиран природен гас

October 25, 2022 14:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Капацитетите што се затоплуваат со компримиран гас ќе можат непречено да набавуваат ваков енергенс од Србија, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Од Србија, како што кажа, имаше забрана за извоз на гас поради што до Владата се обратија дел од институциите од образованието и здравствениот сектор што користат компримиран гас што со специјални цистерни се транспортираше во земјава во текот на изминатите години.

Со цел да не останат без овој енергенс стапивме во контакт со премиерката на Србија и по интензивна комуникација врз основа на наше барање беше донесена одлука на Владата во Србија за изземање на Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас. Испораката на гас тековно се случува. Имаше забрана од неколку дена, но таа веќе не постои со што веројатно и денеска се испорачува, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при пуштањето во работа на новата американско-кинеска инвестиција во ТИРЗ Скопје.

Во врска со понудите што пристигнаа до АД ЕСМ на тендерот за набавка на природен гас за потребите на топланите во Скопје истакна дека за тоа треба да одговорат од компанијата.

Тоа е прашање кое може да го одговори директорот на ЕСМ, бидејќи тоа е институцијата во која се доставуваат понуди за енергенси. Во однос на снабдувањето со гас за когенеративната електроцентрала ТЕ-ТО штом ќе има понуди кои се според стандардите и критериумите за набавка тогаш тие ќе мора да стапат во контакт со ТЕ-ТО, бидејќи е приватна компанија со која доколку  има понуди со соодветна цена од која може да се произведе електрична енергија со прифатлива цена ќе може да склучат договор и да произведува струја. Согласно тоа, сите одговори во делот на процедурата за прибирање на понуди и нивна евалуација може да ги дадат од компанијата, бидејќи Владата не учествува  во евалуација на понуди за енергенси, рече Ковачевски и додаде дека во Владата нема архива за прибирањето на понудите.

Next Post

Од домашно производство била 96,6 отсто од потрошената струја во август

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk