ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Техничкиот министер ја злоупотребува службената положба и државните ресурси, Штип под полициска опсада, граѓаните револтирани

Според пријавата од граѓани, техничкиот министер Чулев ја искористи службената посета на Штип за организирана партиска средба со активисти и раководители на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е во спротивност со стандардите за добри изборни практики и претставува злоупотреба на службената положба и јавните ресурси.

January 31, 2020 10:38
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Наќе Чулев, технички министер за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден беше во работна посета на СВР Штип. Во официјалното соопштение на МВР, меѓу другото, јавноста се информира: „На средбата со раководството на СВР Штип министерот Чулев истакна дека е потребно сите да дадат свој придонес за обезбедубање фер, демократски и мирен изборен процес и дека за тоа потребна меѓусебна соработка и координација.“

Но, техничкиот министер ја злоупотреби службената посета, користејќи службени возила, придружба и обезбедување. Во текот на работното време, по службените средби во СВР Штип, тој одржа и координативна партиска средба.

Според пријавата од граѓани, техничкиот министер Чулев ја искористи службената посета на Штип за организирана партиска средба со активисти и раководители на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е во спротивност со стандардите за добри изборни практики и претставува злоупотреба на службената положба и јавните ресурси.

Во втората граѓанска пријава се говори за тоа дека во текот на вчерашниот ден Штип бил под опсада. „Луѓето се револтирани. Таман заборавивме на сето претерување и аздисаност“ – се вели во реакцијата на една граѓанка.

Уште една пријава до мониторинг тимот на ЦИВИЛ гласи:

„Граѓаните вчера го почувствуваа режимот во Штип на еден ден. Пред некое време имавме цела влада овде, а градот тоа не го ни почуствува. Вчера цел град блокиран, на секое ќоше полиција и полициски коли, блокирани улици, на автопатот исто. Велат, имаат протокол министрите, не знам на колку метри да има полиција, ама ова било надвор од контрола. Полиција, полициски коли со ротациони светла на страната по улиците паркирани…“

Извештајот е подготвен врз основа на пријава од граѓани и е дел од мониторингот на ЦИВИЛ. Организацијата ги охрабрува граѓанките и граѓаните да продолжат со пријавување на случаи на злоупотреби во изборен контекст.

Фотографијата во прилог е редакциска опрема, од соопштение за медиумите од МВР.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Next Post

Не е до тронот, до личноста е

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk