ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: КИЦ Загреб е уште една македонска порта кон заедничките културни европски вредности

October 27, 2022 12:49
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По Истанбул, Софија, Тирана, Њујорк, Загреб е петтиот македонски културно-информативен центар во светот. Сите центри, набргу по нивното отворање, го положија испитот за нивната оправданост и неопходност. КИЦ во Загреб цели кон висока оценка на тој испит, соопшти министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на свеченоста по повод официјалното отворање на македонскиот Културно-информативен центар во Хрватска.

Како што соопшти Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска на бројните гости, меѓу кои беше и министерката за култура и медиуми на Хрватска Нина Обуљен Коржинек, им посака добредојде во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Истакна дека за хрватските граѓани нашата музика, нашата уметност, култура, нашите традиционални вредности имаат посебно место во нивните срца.

Но, и поради нашите, на кои овој град и оваа земја им се нивна постојана адреса на живеење – овој Центар, ова катче нека биде пократкиот пат до дома и уште една македонска порта кон заедничките културни европски вредности, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура  потсети дека Одлуката за основање на КИЦ во Загреб е донесена пред година и половина и набргу почнаа подготовките за неговото отворање. Таа упати благодарност до директорката на ова катче на македонската култура во Загреб, Наталија Поповска, која со успех веќе ја реализира и програмата.

Нашите чувства кон Загреб се уште подлабоки со фактот дека тука, пред 161 година, е отпечатен и првиот Зборник на македонските преродбеници, браќата Димитар и Константин Миладинов, со помош на хрватскиот бискуп и добродетел Јосип Штросмајер. Загреб е и првата станица на долгиот пат на милосрдноста на нашата Гонџа Бојаџиу, за Ватикан светица, за светот Мајка Тереза. Пред 32 години Загреб ја прогласи за свој почесен граѓанин и, како што и самата рече: „ова е градот на мојата разделба со мајка ми и сестра ми и почеток на мојата мисија“, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Таа посочи дека преку Годишната програма за поддршка на проекти од областа на културата, Министерството за култура со години ги поддржува проектите на Здружението на хрватската заедница во Македонија.

Ме радува фактот што и македонската заедница во Хрватска е уважена и почитувана. Затоа верувам дека овој простор никогаш и никого нема да го остави рамнодушен, додаде македонската министерка за култура.

Хрватската министерка за култура и медиуми Нина Обуљен Коржинек изрази задоволство што заедно со македонската министерка за култура го отворија Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб, кој, како што рече, ќе биде центар не само на нови знаења за вредната македонска култура, но и нова платформа за презентација за македонските уметници, во корист на уште поплодна заедничка културна соработка.

Историјата и културата на хрватскиот и македонскиот народ се испреплетени со делување на истакнати поединци, а денес нашите културни сцени би биле посиромашни без гостувањата и заедничките програми на хрватските и македонските уметници, додаде Обуљен Коржинек.

Свеченото отворање на петтиот македонски КИЦ во светот, кој се наоѓа на улицата „Хебрангова“ број 4 во Загреб, беше збогатено со изложба на уметнички фотографии „Македонија низ објективот на хрватски фотограф Марио Пуциќ“.

На свеченоста присутвуваа и македонски студенти кои студираат во Хрватска, а беа прочитани и сегменти од драмите на Горан Стефановски кои се преведени на хрватски јазик, како и расказ од Славко Јаневски.

Next Post

Советот на јавните обвинители не избра ниту еден од шесттемина пријавени кандидати за јавни обвинители во ОЈО ГОКК

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk