ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Бесник Васоли: ЕПЗ – ни дава чувство на припадност

Косово, земја аспирант за членство во ЕУ, ја поздравува и ја цени оваа нова организација која му дава енергија на Косово да преземе уште повеќе реформи.

October 28, 2022 18:00
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Бесник Васоли

Кога францускиот претседател Емануел Макрон ја предложи Европската политичка заедница (ЕПЗ), малкумина знаеја што значи тоа, а многумина сè уште се сомневаат дека оваа организација ќе го најде вистинскиот простор. Многумина тврдат дека ова не е нова идеја, бидејќи своите корени ги има во 1952 година, како и „Европската конфедерација“ предложена од претседателот Франсоа Митеран во 1989 година. Но, овојпат, Европа и нејзините сојузници се соочуваат со голем број предизвици, со време на криза, иницирана првенствено од неиспровоцираната руска инвазија врз Украина, која освен што го прекршува меѓународното право и ги прекршува сите конвенции за човекови права, предизвикува и глобална криза околу снабдувањето со храна и енергија.

Косово верува и ја поздравува оваа иницијатива бидејќи ги обединува сите држави во Европа, вклучително и оние од Западен Балкан, за да го координира нашиот заеднички одговор на сите закани и да се движи кон обезбедување мирна и развиена Европа. Во исто време, гласот на Косово е изедначен со другите учесници, што ја прави оваа организација многу посебна. Косово ќе се погрижи да придонесе кон извозот на стабилност, безбедност и просперитет и да го даде својот праведен придонес во усогласувањето на политиките со слободните и мирољубиви демократии.

Задоволство ни е што учествуваме на форум наменет да биде заеднички простор кој сеопфатно ќе им излезе во пресрет на европските нации, ќе наоѓа решенија и ќе ги разгледува долгорочните проблеми. Состанокот на 6 октомври во Прага ни дава чувство на припадност, особено гледајќи го ставот на учесниците околу обезбедувањето единство и подготвеноста да работат заедно за изнаоѓање решенија за актуелните и непредвидени предизвици со кои ќе се соочиме. Затоа, со нетрпение очекуваме ЕПЗ која ќе обезбеди форум за координација на политиките што ќе поттикне дијалог и соработка во решавањето на прашања од заеднички интерес.

Очекуваме овој форум да продолжи да биде отворен, да се осврнува и да ги решава интересите и предизвиците низ Европа, со што се зајакнува меѓусебното разбирање и ни помага да ги усогласиме нашите позиции за најитните прашања.

Претстојните состаноци што ќе ги организираат Молдавија и Шпанија ќе бидат клучни за да се види дали можат да ги надминат разликите во однос на статусот на Косово. Овие земји сè уште не го признале Косово, така што вистинскиот тест за EPЗ ќе се случи многу брзо. Да се надеваме сите дека можеме да ги надминеме нашите разлики и да се стремиме кон заеднички проект како EPЗ. Времето за Заедничка надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) за континентот Европа е сега, кога сите земји-членки на ЕУ и сите нации – љубители на слободата и мирот ги здружуваат силите и дејствуваат заедно. Косово, до денеска, 100% е усогласено со ЗНБП на ЕУ, згора на тоа, иако Косово сè уште не е членка на Советот на Европа, еднострано ги вклучи конвенциите на Советот на Европа во Уставот и неговата законодавна рамка.

Сепак, разбираме дека со пристапувањето кон ЕПЗ не го прејудицираме членството во Европската унија. Косово, земја аспирант за членство во ЕУ, ја поздравува и ја цени оваа нова организација која му дава енергија на Косово да преземе уште повеќе реформи. Во исто време, се надеваме дека ЕУ ќе продолжи со идното проширување и, кога ќе дојде време, се молиме сите земји од Западен Балкан да се приклучат на ЕУ. Дотогаш, Косово ќе постигне добар напредок во преземањето на потребните реформи.

Извор: Окружење


Бесник Васоли е искусен консултант со повеќе од 17 години искуство во европските интеграции, реформите во јавната администрација, улогата на правото и доброто владеење

Next Post
Фото: Мета.мк

Фестивал за инклузија: Лицата со попреченост заслужуваат многу повеќе

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk