ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

За десетина дена во владина процедура ќе биде новиот Закон за вештачење, најави министерот Тупанчески

October 28, 2022 12:15
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

За десетина дена во владина процедура ќе биде новиот Закон за вештачење, кој подолго време се подготвува, најави денеска министерот за правда Никола Тупанчески, посочувајќи го како добра алатка и излезно решение за сите недостатоци и дефекти кои што во моментот се случуваат, а се поврзани со таа сфера.

Тупанчески, во изјава за медиумите по промоцијата на судница опремена со ИКТ опрема денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, прашан за тоа што може министерството да направи за предметот за случајот „Ласкарци“ кој подолго време го чека супер вештачењето, рече дека не сака да коментира одделни случаи, нагласувајќи дека министерството за правда се обидува, во рамки на своите ингеренции, на создавање на оптимални услови, но дека работата за правораздавање е сепак работа на судовите и останатите субјекти кои се учесници во постапките.

Констатирани се дефектите и јас мислам дека тоа законско решение ќе претставува решавање на сите досегашни наталожени проблеми. Од тоа како ќе биде изработен регистарот на вештаци, како ќе се добива лиценца и т.н. Значи прецизни правила за тоа како ќе се одвива вештачењето во иднина, изјави Тупанчески.

Претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев, на прашање до каде е случајот „Ласкарци“, рече дека е точно дека постои застој и веќе година дена како не е изработено вештачењето, иако како што посочи веднаш откако е побарано вештачењето судот постапил и го пратил предметот во Бирото за судски вештачења.

Моите информации кажуваат дека застојот е поради тоа што недостасуваат вешти лица од таа област. Сепак, тоа прашање ќе треба да се постави во Бирото до каде е застојот. Последно што знам е дека вештите лица побарале барање да извршат увид во автобусот и од страна на Судот веднаш е издадена согласност за тоа да го нарават, изјави Џолев.

За автобуската несреќа кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, Судот издаде наредба за супервештачење на 11 ноември 2021 година.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година.

Next Post

Првпат потпишуваме Договор со Советот на ЕУ што ја содржи клаузулата на јазикот, вели Османи

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk