ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски за „BBC“: Обезбедивме почеток на преговори со ЕУ со потврден чист македонски јазик и идентитет

October 31, 2022 12:52
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за „HardTalk“ на „BBC“ истакна дека за стартот на преговорите со Европската Унија постигнавме неколку клучни цели.

„Ако сакате да бидете лидер, мора да носите тешки одлуки. Во овие преговори ние имавме неколку цели и ги постигнавме. Прво: чист македонски јазик во ЕУ. Второ: чист македонски идентитет, на Македонците и почеток на преговорите со ЕУ што и се случи на 19 јули. Дополнително, историските прашања да бидат надвор од преговарачката рамка. Ја споменавте работата на историската комисија, таа работи со четиринаесет членови, седум од македонска и седум од бугарска страна кои можат да носат одлуки само со консензус и тие одлуки може да бидат спроведени на реципроцитетна основа меѓу двете земји. И тоа е всушност договорот каде тие, историчарите, ќе се занимаваат со историските прашања. Го потпишавме првиот договор со ЕУ, во кој има чист македонски јазик, без фусноти, без објаснувања и уште поважно, во врска со Фронтекс договорот, Грција и Република Бугарија, одобрија договор во кој има чист македонски јазик“, рече Ковачевски и додаде дека има историска комисија, со четиринаесет членови, седум македонски, седум бугарски и тие работат независно од политичарите, целта е да изградиме реторика меѓу соседите која ќе гледа кон иднината и ќе гледа кон напред.

Во однос на ЕУ интеграциите премиерот Ковачевски рече дека овој процес за приклучување кон ЕУ беше заглавен уште пред да почне, пред единаесет години од претходната Влада зашто тие не беа подготвени да се поместат ниту еден милиметар.

„Тие не донесоа никакви одлуки. Ние имаме два концепти во државава. Едниот концепт, кој јас го водам, е дека Македонците и сите други граѓани на Северна Македонија, со кренати глави, со достоинство, треба да седнат на големата маса во Брисел и да го кажат својот став за сите прашања, да преговараат и да станат членови на ЕУ. Другиот концепт е со лажно достоинство, да седнат на малата маса тука, во Северна Македонија, сами, изолирани, во конфликт со соседите, без разговори со ЕУ. Ова седење на мала маса, со лажно достоинство, го гледавме со години. Сите политички партии имаат одговорност да носат одлуки кои ќе донесат подобра иднина за идните генерации. Бидејќи, на крајот знам дека овој процес ќе биде тежок, преговорите ќе бидат мачни, свесен сум за тоа, сите граѓани се свесни за тоа, но наградата е членство во ЕУ, бидејќи македонските граѓани сакаат да бидат дел од ЕУ, сакаат да живеат во ЕУ, но во нивната држава тука, а не да ја напуштат нивната земја и да работат во земјите членки на ЕУ“, подвлече Ковачевски и додаде дека најлесно е да се биде политичар кој зборува за минатото, бидејќи кога зборувате за минатото, не ветувате ништо, само играте со емоциите на луѓето, а тешко е да се биде политичар кој зборува за иднината, зашто тогаш давате ветување.

Next Post

Отворање на сензорна соба во ООУ „Кочо Рацин“ во Куманово

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk