ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Два активни пожара во Кичевско и еден во Македонски Брод

November 2, 2022 08:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Два активни пожари има во Кичевско и еден во Македонски Брод, известува Регионалниот центар за управување со кризи Охрид.

Пожарот што избувнал на 30 октомври во 13 часот во близина на Тајмиште во општина Кичево е сè уште активен. Во гасењето на пожарот вчера  интервенирале четири лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“.

Според последните информации, пожарот се движи во правец на селото Колари, но сè уште е далеку од населеното место.

Сè уште е активен и пожарот над кичевското село Бачишта, кој почна на 30 октомври во 20:30 часот. Според РЦУК Охрид, со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, лисја, папрат и ниска вегетација.

Во гасењето на пожарот интервенирале ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ и доброволци од месното население од селото Бачишта.

– Според последните информации, пожарот се движи по ливади кон хидроцентралите и реката и е во непосредна близина на Бачило. Од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ известуваат дека пожарот се шири во правец на реката што делумно ќе го спречи гаснењето на пожарот, информира РЦУК Охрид.

Пожарот што избувна на 30 октомври во 10 часот во атар на село Ореовец, во место викано Присој во Македонски Брод, исто така,  сè уште е активен и е префрлен во атарот на селото Русјаци.

-Со пожарот се зафатени ниска деградирана шума и лисна постела. Во гаснењето на пожарот интервенирале четири лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Сандански“ и четворица пожарникари со едно противпожарно возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод.  Во гасењето на пожарот е вклучен еден хеликоптер на МВР, се наведува во известувањето.

Поради оддалеченоста за полнење со вода на противпожарното ведро на хеликоптерот, соопштува РЦУК Охрид, во текот на денот се излезе на терен за да се избере локација за поставување монтажен базен од кој хеликоптерот ќе може да полни вода односно место  соодветно за ниско слетување.

Next Post

Панел дискусија „Младински политики – потреби, можности и предизвици“

Shortcut

Најново

College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk