ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: Се што ни стои како механизми на располагање ќе ги искористиме за да нема поскапување на струјата

November 4, 2022 15:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Се што ни стои на располагање како механизми ќе ги искористиме за да нема зголемување на цената на електричната енергија, порача денеска од Струмица претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, коментирајќи ги најавите Владата за зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто и на цената на струјата од почетокот на наредната година.

Според Бислимоски, во однос на ДДВ Регулаторната комисија нема никакви ингеренции, бидејќи тоа е одлука на Владата.

„Доколку остане сегашната цена, зголемувањето на ДДВ од 5 на 10 отсто во апсолутен износ значи зголемување за 4,7 отсто на вкупниот трошок на домаќинствата за електрична енергија“ смета Бислимоски.

Тој додаде дека во наредниот период РКЕ ќе направи дополнителни анализи, односно, како што рече, сега е време на криза, но и можност за креативни решенија со единствена цел евентуалното зголемувањето на ДДВ на струјата да се амортизира и да им се излезе во пресрет на барањата на домаќинствата.

„Јас сум противник да кажуваме дека ќе има зголемување на цената. Прво треба да видиме како ќе заврши производството на електрична енергија оваа година од ЕСМ, колкави приходи ЕСМ остварувал од продажба на вишоци, дали имал потреба од увоз. Тоа да го разгледаме, па потоа треба да знаеме следната година колкави ќе бидат потребите на домаќинствата и малите потрошувачи и на загубите во системот, да видиме со кои цени ќе се снабдуваат за да ја знаеме точно реалната слика“ посочи Бислимоски.

Вели дека нема потреба да се брза, бидејќи кога имало реални потреби заради екстремно зголемување на цените на пазарот за електрична енергија РКЕ не бегала од одговорност и носеле храбри одлуки за да се обезбеди ликвидност на целиот електроенргетски сектор.

Бислимоски уште еднаш повика да се застане и да се види како ќе заврши домашното производство и кои се плановите за следната година, па потоа да се разговара.

На новинарско прашање дека вицепремиерот Битиќи најавил дека по нова година може да се зголеми цената на струјата, Бислимоски истакна дека РКЕ ја определува цената за мрежарината, а за преносот и дистрибуција на електрична енергија, односно која цена ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН, Комисијата нема надлежност. Тој уште еднаш повика да се почека и да се согледа реалната состојба, но и да се направат анализи.

Бислимоски ги оцени како притисок барањата на Народниот правобранител за поплаките на граѓаните за цената за пренос на електрична енергија и, како што рече, РКЕ ќе ги информира сите меѓународни институции од областа на енергетиката како една државна институција прави притисок врз едно независно регулаторно тело.

Next Post

ФИФА бара од учесниците на СП да не дозволат спортот да биде вовлечен во идеолошки или политички борби

Shortcut

Најново

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда: Усвоените патокази се препознаени како клучен напредок на патот кон ЕУ

June 5, 2026

Започнува 60. МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп

June 5, 2026
Фото: Геенрирано со ВИ

Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

June 5, 2026
Фото: Скриншот

Зеленски со отворено писмо до Путин: Предлагам директна средба за крај на војната

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk