ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Уставот за македонската десница е жива смешка

November 8, 2022 11:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бара гаранции од Европската Унија, во смисла, ајде Европо, заедно со мене, правец – на нотар; според принципот како што ги третира своите пратеници: луѓе, јас вас не ве познавам, што значи, јас вас не ви верувам, и затоа барам да се потпишете на нотар. Мицкоски од Европа бара тоа што го бара од своите пратеници – апсолутна и беспредметна лојалност. А тие –  Европа и неговите пратеници, уште во хор треба да му ја испеат песничката: „Друже Мицко ми ти се кунемо да са твога пута не скренемо“.

Европа, пред сè, претставува заедница од вредности. А партијата на Мицкоски, барем со него како лидер, денес е ултра десна. Што значи, десните партии – ултра-националистичките, бараат документ, штембил, печат. Приказните на Европа за Мицкоски се премногу апстрактни бидејќи апстракцијата од него бара и промислување. Мицкоски време за мислење нема. Тој човек бара власт – а потоа знаеме што ќе биде. Но, за ова ќе стане збор подолу во текстот.

Важно е дека Мицкоски бара документ од Европа. Прво, идејата за гаранции е тажна. Не, идејата за гаранции е одвратна. Одвратна е затоа што само до вчера, група од манијаци имаше за цел да предизвика војна, масовни апсења, воена состојба, а денес, внимавајте – Мицкоски ѝ бара на Европа гаранции. А барајќи гаранции, мисли на себе, што значи мисли на власта и себе во власта; мисли на премиерската функција, a потоа мисли на ревизија на сите договори кои се случија во земјата, и потоа мисли на масовни апсења и судења. Тоа мисли, а тоа го бара и од Европа. Од Европа го бара тоа што таа (мисли Мицкоски апстрактно) ќе му го овозможи: рушење на Владата на Ковачевски, а потоа ќе бара отворени раце за сè што ќе помисли да прави дома. Затоа се појави и вчера на таканаречената лидерска средба.

Мицкоски мисли дека големодржавните и националистички проекти – а каде ќе најдеш поголем националистички проект од плукање по Бугарите? – тоа што не успеа со Груевски во латентната војна, ќе успеат денес да го остварат во латентниот мир. Груевски не успеа, а денес ќе се обиде – според истото сценарио – и Мицкоски. Значи, дајте ми гаранции дека ќе бидам премиер, а јас вас ќе ви потпишам сè, тоа е во суштина порака на Мицкоски до Европа.

Оттука, ако ги наградиме националистичките елити кои ги колонизираа академиите, универзитетите и учебниците, ако ги наградиме нејзините аргатi – „убијците на терен“ (?), од оваа земја нема да биде ништо. Сакате да ми кажете дека десницата со Мицкоски ќе ја упристои и европеизира оваа земја? Сакате да ми кажете дека нема да ја дорастурат од корупција како во времето на Груевски?  Сакате да ми кажете дека луѓе кои не се во состојба да водат трафика, ќе бидат во состојба да водат држава?

Уставот и законите за Мицкоски и за неговата партија е чиста зафрканција. Колку пати тој Устав во времето на Груевски е пучиран, колку пати се кршени законите, и зошто се мисли дека тоа нема повторно и повторно и повторно и повторно да го направат?

Ова што сега ќе ви го кажам е работа на мојот „личен вкус“, оти друг немам…

Десницата со Мицкоски е прокси-сателит, не знам на кого поточно: на Орбан или на Кремљ, тоа не знам со сигурност, ама го имам сето право на светот во тоа да се сомневам; oвој човек е во служба на еден од овие два центри. Мицкоски мисли дека зборува „со најдобри намери“, ама тие намери не се негови, туку на еден од овие два центри.

Ако дојдат на власт, ќе биде: пучиран Уставот како пробушено швајцарско сирење, ревизија на сите договори; потоа ќе направат многу нови „proxy партии“, нови „левици“… Тие ќе се однесуваат на власт како луѓе кои додека го паркираат својот автомобил, сосема случајно го прегазиле градинарскиот кепец во комшискиот двор.

Насмевка, блага непријатност. Ништо страшно комшија, нема место за драма, одиме понатаму.

Ќе ви се јават од партија и ќе ви донесат нов кепец, ништо страшно. Нема место за драма, одиме натаму.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

Next Post

Средба на директорот на ЕСМ Ковачевски со украинската амбасадорка Дир

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk