ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Да им се спротивставиме на провокациите и на оние кои не сакаат добри односи меѓу Скопје и Софија

November 8, 2022 20:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Бујар Османи. Фото: скриншот

Бујар Османи. Фото: скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Целта на мојата посета на Софија е продлабочување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, како и зајакнување на институционалната соработка, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за емисијата „Светот и ние“ на Бугарската национална телевизија (БНТ).

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Османи во интервјуто изрази жалење што оние кои прават обиди да ги влошат македонско-бугарските односи добиваат повеќе на значење во двете земји, од она што е постигнато меѓу институциите.

Тој посочи дека годинава првпат трговската размена меѓу двете земји ќе достигне една милијарда евра, што е резултат на напорната работа на бизнисите од двете страни од границата, но тоа не е видливо за јавноста, туку вниманието е насочено кон провокациите.

Од двете страни има луѓе кои создаваат тензии и предизвикуваат провокации. Мора да им се спротивставиме на овие провокации, изјави шефот на дипломатијата.

Според Османи, соработката треба да се воспостави не само меѓу политичарите, туку и меѓу претставниците на сите сегменти на општествата на двете земји и таа треба да бидат еден вид мрежа која ќе опстои, дури и кога би се нарушиле политичките односи.

За тоа треба сеопфатна соработка не само меѓу нас, министрите Османи и Милков, туку и меѓу универзитетите, студентите, докторите… На тој начин да се создаде комплекс од мрежи кои ќе ја одржуваат изградбата на добри односи меѓу нашите две земји и тие да не зависат од политичарите, кои се зависни од внатрешната динамика. Очигледно е дека некој нема интерес за добри односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Има трети земји кои не сакаат регионот на Западен Балкан да биде стабилен и двајца НАТО сојузника да имаат добри односи, изјави Османи.

Според него, добрата вест е дека оние кои се обидоа да градат политичка кариера во Бугарија делувајќи против Северна Македонија, не ја добија поддршката од бугарските граѓани на парламентарните избори.

Важно е кога станува збор за идентитетот и јазикот, македонските граѓани да не се провоцираат, бидејќи тие стануваат чувствителни и тоа го ограничува просторот да се фокусираме на прашањата кои навистина се дел од Договорот од 2017 година, како што е работата на историската комисија и сите други сектори, како и на патот кон ЕУ, рече Османи.

Шефот на дипломатијата потенцира дека Договорот што беше потпишан во областа на енергетиката меѓу Северна Македонија и Бугарија, освен што е многу важен, има и симболично значење затоа што ова ќе биде првиот договор што и дава можност на земјава да добива друг гас освен рускиот, што е почеток на големиот проект за диверзификација на изворите на енергија.

Овој договор има врска и со безбедноста и со геополитиката, додаде Османи во интервјуто за БНТ.

Во однос на уставните измени министерот Османи најави дека тие треба да влезат во процедура во текот на наредните месеци.

Процесот на консултации за ова прашање, но и за другите сегменти е веќе започнат меѓу политичките партии во Собранието, додаде Османи, изразувајќи желба уставните измени да бидат прифатени со највисок степен на консензус.

Next Post

Се истражува загаденоста на Пеленица

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk