ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Презентирана новата земјоделска веб – платформа „Национална рурална мрежа“

November 9, 2022 15:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред присутните земјоделски здруженија и професорите од агрономската фела, беше презинтарана новата платформа „Национална рурална мрежа“, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оттаму нагласуваат дека пред точно 10 години, или поточно во октомври 2012 година, донесени се законските одредби а конечно денес, со донесувањето на соодветните подзаконски акти го ставаме во функција и овој механизам, кој државата го нуди за уште поголема вклученост на сите чинители, за заедно да ги крираме политиките во земјоделството и руалниот развој.

Воведовме уште еден проект, во интерес на земјоделците, а особено за развојот на руралните средини и успеваме успешно да го имлементираме, потенцираат од Министерството.

„Како министерство го следиме текот на модерните начини за комуникација и еве денес ја промовираме веб-страната на Националната рурална мрежа nmrr.mk, платформа каде на едно место можат да се видат сите мерки и активности кои се ставаат на располагање на сите земјоделци. Главната цел е зголемена информираност на пошироката јавност и потенцијалните корисници на политиките во делот на руралниот развој. Потоа,  информации околу мерките за добивање на финансиска поддршка за инвестиции, поттикнување на иновации во земјоделството, производството на храна, шумарството и зголемена одржливост на сите активности во руралните средини и заедници“ рече министерот Николовски.

Веб- платформата „Национална рурална мрежа“ ќе дејствува во сите рурални подрачја, на целата територија на Република Северна Македонија, со цел да се подобрат условите за целосен и рамномерен развој, зголемување на квалитетот на животот на секој поединец по пат на вмрежување и создавање на партнерства. Мрежата се воспоставува по европски терк со целосна вклученост на членството во нејзиното управување. Зачленувањето и членството во Националната рурална мрежа е доброволно и бесплатно за сите граѓани, кои вршат одредена дејност во руралните средини, за сите компании, за сите органи на јавниот сектор и за сите други облици на организациона форма кои делуваат во оваа област. Можност за зачленување во Националната рурална мрежа, се дава и преку веб-страната која денес ја промовираме, каде секој кој сака, доволно е само да го пополни електронскиот формулар кој е достапен на веб страницата на Мрежата.

„Руралниот развој, за мене, но и за нас како министерство има голема важност и е високо меѓу приоритетите. Преку сите досегашни мерки за поддршка тоа сме го докажале. Сега со новата и најголема земјоделска реформа, која заедно со земјоделците ја креираме, преку содавање на нов модел за субвенционирање, предвидуваме нови мерки во програмата за рурален развој. Па така програмата за рурален развој прераснува во инвестициона програма, која уште повеќе ќе им помогне на земјоделците, но ќе помогне и во поголем и рамномерен развој на руралните средини, а еве од денеска имаме и нова веб платформа за подобра информираност “ потенцираше Николовски.

 

Next Post
Гимназијата Јоспи Броз Тито деновиве под полициско обезбедување - фото: Биљана Јордановска/Цивил медиа

Хибридна војна: Оркестрирани ли се заканите со бомби низ училиштата со оние во соседството?

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk