ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Хибридна војна: Оркестрирани ли се заканите со бомби низ училиштата со оние во соседството?

November 9, 2022 15:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Гимназијата Јоспи Броз Тито деновиве под полициско обезбедување - фото: Биљана Јордановска/Цивил медиа

Гимназијата Јоспи Броз Тито деновиве под полициско обезбедување - фото: Биљана Јордановска/Цивил медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Ана Василевска

Навикнавме утрата да ни почнат со евакуација на училишта, растрчани средношколци, блокирани раскрсници од полицијата која постапува по заканите со бомби во скопските училишта. Информациите за заканите за поставени бомби во скопските училишта веќе трета недела шират тензии и страв во јавноста. Во објавите стои дека единиците на МВР за антитероризам вршат проверки, учениците се евакуирани, а заканите се лажни.

Досега, малку или воопшто официјални лица од повиканите институции не се огласија со повеќе детали за оваа сериозно вознемирувачка појава, закана по животот и безбедноста на граѓаните особено на децата. Но, заканите со бомби не станаа секојдневие само кај нас. Веќе неколку месеци на мета се електронските адреси на објекти во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, односно во Белград, Загреб, Бања Лука, Нови Сад, Крагуевац, Ниш. Училишта, трговски центри, клинички центри, плоштади, аеродроми  и други јавни објекти не се поштедени од заканите.

„Се ќе лета во воздух“, „Поставен е експлозив, имате неколку минути да го напуштите објектот“, „Никој нема да застане на патот до слободата“ се само дел од содржината на заканувачките мејлови што беа обелоденети во написите во земјите од нашето опкружување. Од МВР нема информација за содржината на пораките што пристигнуваат кај нас.

Епилогот речиси секаде е ист, заканите се лажни и досега не се добиени повеќе информации за сторителите. Долгото одлагање на деталите околу овие информации остава простор за шпекулации.

Првата закана со бомба во Скопје во автобус на ЈСП 

Алармот со заканите за бомби во Скопје се вклучи минатиот месец по пристигнатата закана со бомба наводно поставена во автобуси на ЈСП. За овој случај од МВР информираа дека вработен на ЈСП кој бил незадоволен од доцнење на платата испратил мејл на директорите, службите за финансии дека планира да постави бомба. Лицето беше на распит, и тоа е последната информација која ја добивме.

Јавното обвинителство, пак, врз основа на приложените информации од проверките на единиците на терен како и одделението за хибридни напади на МВР, досега само еднаш изврши распит по заканите со бомби во училиштата.

На почетокот од месецов добивме информација дека е приведено момче за кое постоело сомневања дека има поврзаност со „бомбашките“ закани во скопските училишта, но по распитот и вештачењето во Јавното обвинителство лицето беше ослободено.

Во категоризацијата на појавата со заканите станува збор за тероризам  

Според Кривичниот законик: „Терористичко загрозување на уставниот поредок или безбедноста Член 313 Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години.“

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање ги коментираше и најновите закани за поставени бомби, утрово во две средни училишта. Тој истакна дека целиот регион е под хибридни напади и додека во еден дел од Европа се води војна со оружје, во другите делови постои хибридна војна каде што преку најразлични методи се создава вознемиреност во државите.

Гимназијата Јосип Броз Тито без ученици по утринските закани со бомби - фото: Ангел Ангеловски
Гимназијата Јосип Броз Тито без ученици по утринските закани со бомби – фото: Ангел Ангеловски

Помош од меѓународни органи за истрага на случајот, според протоколот за постапување, МВР може да побара ако биде констатирано дека во заканите е вклучен странски фактор. Мејловите со закани, на пример, пристигнуваат од домејн со странска адреса. Дали тоа ќе биде доволна причина за вклучување на странски експерти, останува да се види.

Хрватска, во јуни, кога зачестија заканите со бомби, во истрагата го вклучи Интерпол и Европол и побара и друга меѓународна помош за справување со заканите.

Белградскиот весник „Данас“ кој интензивно ги следи настаните со закните со бомби во Србија доби закани и кон редакцијата. Адвокатот на весникот Родољуб Шабиќ во утринската програма на Н1 телевизија вчера изјави дека заканите кон овој весник доаѓаат преку швајцарскиот сервис (интернет платформа) Протон и дека „ова е најстрашна можна закана досега“.

Весникот добил закана дека целата редакција ќе биде „ликвидирана“ односно ќе ја доживее судбината на францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо, каде беше извршен масакр во 2015 година, со претходна акција кон весникот и во 2011 година.
Српското обвинителство презело на себе да побара од швајцарските власти откривање на корисникот на платформата на Протон, бидејќи се работи за тероризам.

Искуството на антитерористичките органи со лажните закани со бомби, сепак, укажува на тоа дека тие можат да станат и вистински. Од сите отворени прашања што се провлекуваат додека јавноста нема доволно информации за случаите кај нас. Оттаму, тоа отсуство на информации остава простор за шпекулации и дезинформации, како и оправдана загриженост дали постои план доколку заканите во еден момент престанат да бидат лажни.

Извор: НоваТВ

 

Next Post

Денешните закани за бомби во девет училишта се лажни, утврди МВР

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk