ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нова македонистичка катедра и нов лекторат по македонски јазик на престижниот Анкарски универзитет

November 10, 2022 10:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Постигнат е успех од историско значење за македонистиката. Започнуваат со работа нова македонистичка катедра и нов лекторат по македонски јазик на странски универзитет – на престижниот Анкарски универзитет во Турција, известуваат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).

Вчера, салата на Факултетот за јазици, историја и географија на Анкарскиот универзитет беше мала за да ги собере сите кои беа заинтересирани да го проследат првиот промотивен час по македонски јазик, истакнуваат од МСМЈЛК при УКИМ.

Оттаму велат дека ова е конкретна потврда дека залагањата и вложувањата на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) за интензивирање и унапредување на соработката со странските високообразовни и научни институции веќе даваат забележливи резултати во развивањето на македонистичките студии во странство, сега и со отворање нови странски македонистички центри. Нагласуваат дека со новоотворената Катедра за македонски јазик и Лекторатот по македонски јазик на Анкарскиот универзитет започнува нова успешна приказна за афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во светот, на странските високообразовни и научни институции – приказна која е од исклучително големо значење и за нацијата и државата.   

„Неизмерни се радоста и гордоста што и Анкарскиот универзитет постанува македонистички центар. И тоа не само со можност за отворање нов лекторат по македонски јазик, туку и со одделна Катедра за македонски јазик, со која македонистиката, веднаш добива поголема важност, односно статус преку кој дополнително се гарантира нејзиното развивање на анкарскиот Факултетот за јазици, историја и географија. Дури и во период кога во глобални рамки се стравува дека хуманистиката, а во нејзините рамки и филологијата запаѓа во криза заради намалениот интерес за студирање, ни се случува зголемување на интересот за македонистиката на повеќе странски високообразовни институции. Но и воопшто во странските културни средини,  дотолку што е јасна потребата од воведување македонистички студии и на универзитети на кои претходно македонистиката не била присутна со одделен дел од студиските програми. Особено онаму каде што веќе и има поголем број заинтересирани за изучување на македонскиот јазик, како што е во конкретниов случај, во Анкара“, истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

 Таа и упати благодарност до колегите од Анкарскиот универзитет.

 „Од името на МСМЈЛК при УКИМ изразувам неизмерна благодарност до колегите од Анкарскиот универзитет, особено до раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Мелахат Парс, за посветеноста и пожртвуваноста да се случи оваа македонистичка приказна, со која мостовите на соработка, содејствување и пријателство меѓу двата народна и двата универзитета – УКИМ и Анкарскиот универзитет, сега се уште посилни. Ова уште еднаш покажува колку посветени и искрени пријатели има нашата култура во меѓународната академска заедница. Ама, оваа приказна штотуку започнува – верувам дека пред нас се многу нејзини поглавја, кои ќе бидат одбележани и со заеднички проекти и заеднички влог во македонистиката, а посакуваме да бидат одбележани и со податоци кои ќе покажуваат постојано зголемување на интересот за македонистиката. Знам дека заеднички ќе сториме сè да биде така“, нагласува Мојсова-Чепишевска.

 Директорката на МСМЈЛК при УКИМ, посочува дека лекторатот во Анкара се отвора по речиси 15 години од отворањето на претходно отворениот Лекторат по македонски јазик на Универзитетот во Риека, но дека не се запира тука.

 Раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Мелахат Парс, нагласи дека на Анкарскиот универзитет може да се очекува голем интерес за македонистиката во времето што е пред нас. Таа е уверена дека во соработка со МСМЈЛК при УКИМ ќе се успее Анкарскиот универзитет да стане препознатлив странски македонистички центар од кој ќе произлегуваат кадри што ќе бидат едни од водечките афирматори на македонистиката во светот во времето што е пред нас.

 Работата на Катедрата за македонски јазик и на Лекторатот по македонски јазик на Анкаркиот универзитет започна успешно. Вчерашниот прв промотивен час по македонски јазик, на Факултетот за јазици, историја и географија на Универзитетот го одржа лекторот Дарко Темелкоски, а организацијата на настанот беше координирана од раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Мелахат Парс, која со своите залагања изминатиот период и со интензивната соработка со МСМЈЛК при УКИМ ја потврди својата решеност да оствари влог во развојот на странската македонистика. На предавањето, покрај бројните студенти, присуствуваа и членови на Здружението на Турци по потекло од Македонија. Сите заинтересирани да го изучуваат македонскиот јазик. По одржувањето на првиот промотивен час по македонски јазик, лекторот Темелкоски оствари работна средба и во Институтот за турски јазик, литература и фолклор, веќе со подготвеност и конкретни идеи за развивање на соработка.

 Инаку, со отворањето на Катедрата за македонски јазик под раководство на проф. д-р Мелахат Парс, во чии рамки е и Лекторатот по македонски јазик на Анкарскиот универзитет, македонистиката веќе е присутна на два водечки универзитета во Турција. Поконкретно, на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, македонскиот јазик, литература и култура се изучуваат веќе 36 години во кои непрекинато работи Катедрата за македонски јазик која сега ја раководи проф. д-р Туркан Олџај, која заедно со раководителката на Одделот за славистика, проф. д-р Емине Инанир и со лекторката по македонски јазик, д-р Габриела Ивановска, успеаја од годинава, македонскиот јазик да го стават на листата јазици што можат да го изучуваат сите студенти на Универзитетот.

Next Post

Вистиномер: Не е точно дека „станавме официјални поддржувачи на нацизмот“ во ОН

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk