На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава повторно е упатена закана за поставена бомба.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот Димитар Ковачевски во неколку наврати изјавија дека заканите за бомби во скопските училишта се дел од хибридни напади кои имаат цел да внесат вознемиреност во државата, а мета се учениците како категорија за која општеството е најчувствително.
Министерството за образование, пак, им наложи на директорите на училиштата во кои има закани за бомби да најдат начин до крајот на првото полугодие да ги одработат изгубените часови.










































































































