ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕУ договара нова стратегија за иднината на односите со Русија

November 14, 2022 13:29
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Украинските трупи го вратија Херсон, единствениот главен град на провинцијата што Русија успеа да го заземе во деветмесечната таканаречена „специјална операција“. Ослободувањето на Херсон откри и траги на нови воени злосторства направени од руските сили.

Во своето синоќешно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „повеќе од 400 руски воени злосторства“ се веќе документирани.

И додека оваа „специјална операција”  оди од лошо кон полошо за Владимир Путин, министрите за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок ќе разговараат за долгорочните односи со Москва. Во моментов, ангажманот на блокот е регулиран со пет „водички принципи“ поставени од претходникот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, Федерика Могерини. Во март 2016 година, министрите за надворешни работи на ЕУ и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, договори пет водечки принципи за односите ЕУ-Русија: целосно спроведување на договорите од Минск, поблиски врски со поранешните советски соседи на Русија, зајакнување на отпорноста на ЕУ на руските закани, селективен ангажман со Русија за одредени прашања како што е борбата против тероризмот, и поддршка за контакти меѓу луѓето. Денешниот состанок треба официјално да започне дискусија за како да се адаптира овој пакет од 2016 во овие сосема нови геополитичкки околности.

Специјалниот претставник на ЕУ, Јозеф Борел, денеска на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, ќе одржи презентација на новата нацрт стратегија на ЕУ за иднината на односите со Русија. Детали од овој документ уште не се познати но во рамките на Советот на ЕУ веќе постојат различни гласови меѓу кои најгласни се они на балтичките земји кои бараат построги услови под кои Брисел би ги обновил односите со Москва. На денешниот состанок се разговара и за нов пакет санкции кој Русија. Дел од земјите членки изразуваат загриженост за бавното темпо на деветтиот пакет санкции на ЕУ против Русија. „Голем број земји-членки веќе подготвија списоци со санкции кои таргетираат од локации кои генерираат дезинформации до индустриски сектори“, вели еден дипломат за Политико пред почетокот на состанокот жалејќи се дека „новиот пакет санкции се чини дека е изгубен некаде во бриселските коридори“.

На денешниот состанок на шефовите на дипломатии ќе им се обрати и белоруската лидерка во егзил Свјатлана Циханускаја. „По срамот од контраофанзивата на украинската армија, Путин сака да ја обезбеди Белорусија, за да може барем тоа да му биде продадена на рускиот народ народ како утешна награда“, вели Циханускаја и бара ЕУ да усвои „двојна стратегија, помагајќи им на Белорусите кои продолжуваат да се борат за демократија, како и на оние кои бегаат од репресија и војна“.

Се очекува и министрите за надворешни работи на ЕУ денеска да усвојат и нови санкции насочени кон околу 30 ирански функционери поради кршење на човековите права и крвавото задушување на протестите предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини.

На состанокот на министрите за одбрана на ЕУ закажан за утре се очекува одлука за почеток на мисија за обука за околу 15.000 украински војници на територијата на ЕУ.

Борјан Јовановски / НоваТВ

 

 

 

Next Post

Тен Хаг и Манчестер јунајтед разочарани од интервјуто на Роналдо

Shortcut

Најново

Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk