ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вози безбедно! Користи зимска опрема! Превентивна активност на МВР и РСБСП

November 15, 2022 13:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Денеска Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Скопје реализираа активности од зимската кампања „Користи зимска опрема“ со цел потсетување на возачите на законската обврска за задолжително носење на зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март следната година, како и потребата од зимска проверка на возилата.

Претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска апелираше брзината да се прилагоди според условите на патот, да се почитува растојанието меѓу возилата, да се избегнува нагло сопирање на возилото и задолжително да се носи зимска опрема.

„Бидете одговорни и подготвени за безбедно возење во зимски услови.Овој временски период се карактеризира со влажни и лизгави коловози и присуство на магла. Според истражувањата утврдено е дека густата магла предизвикува намалена видливост кај возачите заради што на возачите им треба 75% повеќе време за да забележат опасност. Во услови на дожд забавувањето на реакциите на возачите е за 30%, а во услови на врнежи од снег забавувањето на реакциите е за 34%.Токму затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, да се придржуваат до советите за управување со возилото во зимски услови, да ги следат информациите за временските услови на патиштата, како и патната сигнализација заради осигурување на поголема безбедност во сообраќајот“, рече Кожуваровска.

Помошникот на министерот за односи со јавност на МВР Тони Ангеловски потсети дека од денеска стапува на сила законската обврска во возилата задолжително да се носи зимска опрема, обврска која важи до 15 март следната година.

„Апелираме до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови. Поседувањето на зимска опрема е пред се поради наша лична безбедност, а со тоа избегнуваме и било каква непријатност во случај на лоши временски услови“, рече Ангеловски

Next Post

„Полиграф“: Руската амбасада дезинформира дека „Косово е Србија - Крим е Русија“, а „Русија = Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон“

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk