ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Полиграф“: Руската амбасада дезинформира дека „Косово е Србија – Крим е Русија“, а „Русија = Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон“

November 15, 2022 13:47
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Руската амбасада во Северна Македонија на 6.11.2022 објави твит со мурал на кој пишува „Косовска Митровица. Косово е Србија – Крим е Русија“. Во твитот пишува: „Напомена, + Русија = Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон“. Твитот потоа се прошири на социјалните мрежи, а го објавија и повеќе портали.

Но, овој твит на руската амбасада не содржи факти, туку пропагандни дезинформации.

Прво, за Северна Македонија, држава во која е објавен твитот, Косово не е Србија, туку независна држава признаена пред 14 години. Косово е признаено и од повеќе од 100 членки на ОН.

Второ, за Северна Македонија Крим е дел од Украина, а не од Русија. Земјава го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, а заедно со многу други држави учествува во Кримската платформа, афирмирајќи го ставот дека „Крим е Украина“.

И Претседателот на Собранието, Талат Џафери,  на состанок на Кримската платформа во Киев го потенцираше „единството на меѓународната заедница во одбраната на нормите на меѓународното право, кое дефинира дека „Крим е Украина“.“

Трето, дезинформација е и дека „Русија = Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон“, како што нагласува овој твит. Овие региони се дел Украина, а не од Русија, која делумно ги окупираше по воената агресија од 24 февруари 2022.

Дел од овие региони воопшто не се под контрола на Русија, како што се гледа и од инфографикот на руската државна агенција РИА новости. Значаен дел од регионот Доњецк е под контрола на Украина, под чија контрола е и Запорожје, најголемиот град со над 700 илјади жители и административен центар на истоимената област.

Откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 10 ноември 2022 нареди повлекување на трупите од градот Херсон кој беше окупиран од почетокот на март 2022, и административниот центар на Херсонската област веќе не е под руска контрола.

Скриншот од инфографикот на РИА новости за воената состојба во Украина од 10.11.2022, каде што Херсон е прикажан под контрола на Руската Федерација
Скриншот од инфографикот на РИА новости за воената состојба во Украина од 11.11.2022, каде што Херсон веќе не е под контрола на Руската Федерација

И споредбите помеѓу Косово и Крим се неосновани зашто станува збор за различни случаи.

Со вакви дезинформации и неосновани споредби, Русија сака да ги продлабочи тензиите и конфликтите и да предизвика хаос и недоверба.

Токму затоа, граѓаните не треба да наседнуваат на овие пропагандни дезинформации на Руската амбасада.

Извор: смк

 

Next Post

Министрите за земјоделство од ЈИЕ потпишаа Коминике за заштита на почвите во Западен Балкан

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk