ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Министрите за земјоделство од ЈИЕ потпишаа Коминике за заштита на почвите во Западен Балкан

November 15, 2022 14:02
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски соопшти дека денеска, во рамки на 16. работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа што се одржува во Будва, Црна Гора, потпишал Коминике со своите колеги од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Целта на Коминикето, како што наведува Николовски на својот фејсбук профил, е да се создаде регионална платформа за размена на информации и градење заеднички политики за заштита на почвите во Западен Балкан.

-Заеднички ќе работиме на идентификација на деградацијата на почвата во регионот преку нејзино мониторирање, за потоа да се креираат политики насочени кон одржливо управување со почвата, размена на прекугранично практично искуство, развој на јавни бази на податоци и платформи на знаење.
Со ова заеднички придонесуваме за подобрување на продуктивноста и обезбедување екосистемски услуги, здрава и достапна храна, пристап до водни ресурси, а со тоа и заштита на биолошката разновидност и адаптација кон климатските промени, наведува Николовски.

Домаќини на 16. годишен работен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора и Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) во Југоисточна Европа (ЈИЕ). Како клучни теми на состанокот се најавени перспективите во земјоделството и руралниот развој, но треба да се разгледаат и процесот на регионална соработка во агро секторот, како и значењето на евроинтеграцијата за земјите од Западен Балкан.

Предвидено е министрите да елаборираат за имплементација на ИПАРД програмата во земјите на Западен Балкан и за важноста на слободната трговија и обврските и мерките за слободно движење на земјоделските стоки, снабдувањето и резервите, со оглед на тековните геополитички случувања и влијанието на војната во Украина.

Оваа година во ноември Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора го презема претседателствувањето со Собранието на СВГ за следната годината и се стреми кон регионална соработка и интеграција во областа на земјоделството и руралниот развој на целиот регион на Западен Балкан.

 

Next Post

Средба Пендаровски – Филипиду: Грција нуди експертиза за преговорите со ЕУ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk