ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Секција на сниматели при ЗНМ: Потребни се законски измени нападот врз медиумски работник да биде напад врз службено лице

November 15, 2022 14:12
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Последните напади и закани врз снимателите се само уште еден аларм дека се потребни измени во Законот и нападот врз медиумските работници да се смета како напад врз службено лице, оценија од секцијата на сниматели при Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Снимателите на денешната конференција пред Собранието упатија апел што поскоро да се донесат законски измени, бидејќи како што истакнаа медиумските работници се мета на многу опасности.

-Ние како сниматели постојано сме на мета на напади било од граѓани или други. Апелирам до институциите конечно да го решат статусот на медиумските работници, секој напад врз нас да биде третиран  врз служебно лице, реагираат од секцијата на сниматели при ЗНМ.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковдки информира дека во текот на ноќта имало уште еден напад врз медиумски работник во неговиот двор.

-Со оглед на тоа дека станува збор за заканувачка порака, иако сепак нема објективно штета, бидејќи боја може да се исчисити, но трагите од насилството што се случи и од она што може да се случи можат да продолжат и понатаму, бараме целосно разрешување на овие случи, изјави Чадиковски.

Испрати апел и до МВР за побрзо и поефективно решавање на случаите на говор на омраза на социјалните мрежи, бидејќи, како што укажа, овие говори на омраза водат кон можни кривични дела, како вчерашниот случај.

-Луѓето можат многу лесно да дознаат каде новинарите живеат, шетаат она што исто така е многу опасно е дека денес јајце, утре може да биде камен, задутре може да биде било што друго. Нашата работа и совест не дозволува да имаме прекин во работата и ќе продолжиме колку и да има опасности и ризици и токму ова е еден од многуте примери што ги имаме е дека Кривичниот законик треба да се донесе што поскоро бидејќи ние сме мета на напади буквално на кој бил човек, ние мора да бидеме заштитени затоа што продолжува ова и се повторува, рече новинарот Александар Тодески, кој е дел од нападнатата новинарска екипа на ТВ 24.

Снимателот од МИА, Аслан Вишко беше согласен дека законските измени треба што поскоро да се направат со цел медиумските работници да бидат што позаштитени.

Љубиша Игнатов, снимател за ТВ 24 вчера во попладневните часови бил нападнат во скопската населба Пржино, каде заедно со неговата новинарска екипа се обидел да сними прилог.

 

Next Post

Министерството за политички систем во соработка со ИДКНА организираа трибина на тема „Деновите на албанската азбука “

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk