ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САД го користат логото на виножито на Светското првенство во Катар за поддршка на ЛГБТК заедницата

November 17, 2022 12:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, СПОРТ
Фото: Carl Recine

Фото: Carl Recine

Share on FacebookShare on Twitter

Машката фудбалска репрезентација на САД ја покажува својата поддршка за ЛГБТК заедницата преку лого со виножито во нивниот тренинг објект во Катар додека се подготвуваат за Светското првенство што ќе започне овој месец, пренесува Гардијан.

Истополовите врски се нелегални во Катар, а земјата домаќин како што се приближува почетокот на Светското првенство, се повеќе е критикувана за нејзините ЛГБТК политики

Дизајнот има седум вертикални ленти во боја на виножито под „САД“ со темно сини букви и е дел од иницијативата „Биди промена“ што тимот ја усвои во 2020 година со цел да инспирира акција за прашањата на социјалната правда.

„Кога сме на светската сцена и кога сме на место како Катар, важно е да се подигне свеста за овие прашања и тоа е она за што е „Биди промена“, рече американскиот селектор Грег Берхалтер на прес-конференција во понеделникот.

„Не само што сакаме да обрнеме внимание на овие социјални прашања во САД, туку тоа да е и пошироко. Ние ги препознаваме чекорите што ги направи Катар и големиот напредок, но има уште работи што треба да се направат“, додаде селекторот.

Организаторите на Светското првенство, кое е прво што ќе се одржи во една земја од Блискиот Исток, велат дека секој, без разлика на нивната сексуална ориентација или потекло, е добредојден, а истовремено предупредуваат од јавно прикажување на наклонетост.

Некои играчи изразија загриженост за правата на навивачите кои патуваат на Светското првенство оваа година, особено ЛГБТК поединците и жените, за кои групите за права велат дека катарските закони ги дискриминираат.

– Ние сме група која верува во инклузивност и ќе продолжиме да ја проектираме таа порака понатаму, рече американскиот голман Шон Џонсон.

„Разговаравме и продолжуваме да разговараме на темата како што се приближува почетокот на Светското првенство. Се потпревме на пораката „Биди промената“. Тоа е нешто на што бевме горди и продолжуваме да работиме, да бидеме влијателни врз себе, нашето присуство и нашата платформа, и ќе продолжиме да бидеме така овде во Катар“, вели Џонсон.

Значката виножито, претставува начин за промовирање на духот на инклузивност што го негува американскиот фудбал.

– Нашата значка виножито има важна и конзистентна улога во идентитетот на американскиот фудбал, изјави портпаролот на американскиот фудбал Нил Буте за Ројтерс.

„Како дел од нашиот пристап за секој натпревар или настан, вклучуваме брендирање на виножитото за поддршка и прифаќање на ЛГБТК заедницата, како и за промовирање на духот на инклузивност и добредојде на сите фанови ширум светот“, додаде Буте..

– Како резултат на тоа, на локациите каде што ќе претстојуваме и работиме на Светското првенство, како што се тимскиот хотел, медиумските области и забавите, ќе имаат традиционално и виножито брендирање на американскиот фудбал, нагласи портпаролот.

Во меѓувреме, дефанзивецот на Фулам, Тим Рим и голманот на Арсенал, Мет Тарнер се меѓу играчите на САД кои добија пораки со добри желби од фикцискиот измислен тренер Тед Ласо.

We believe.

? @TedLasso pic.twitter.com/cCx5Tet2tS

— U.S. Men’s National Soccer Team (@USMNT) November 13, 2022

Џиновски жолти транспаренти почнаа да се појавуваат во родните градови на американските играчи оваа недела, секој со персонализирана порака од ТВ ликот на Џејсон Судеикис.

САД првиот натпревар на Светското првенство го игра против Велс на 21 ноември.

Подготви: Ј. Ѓ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Маричиќ: Eвроинтеграцијата е државен и тимски процес

НАЈНОВО

Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Утрово грабеж во Лувр, музејот затворен за посетители

October 19, 2025

Зеленски: За една недела Русија употреби речиси 50 ракети, 3.270 дронови и 1.370 наведувани воздушни бомби против Украина

October 19, 2025
Скриншот

Излезеност од 9,38 проценти на изборите до 11:15 часот

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk