За време на своето онлајн обраќање кон студентската заедница на Ирска Украинскиот претседател Зеленски изјави дека верува оти Украина успеала да ја надмине Русија во информативниот простор, пренесува Укринформ.
Верувам дека многу добро го одевме овој пат. Сè уште не е завршен, но почнавме да се слушаме. Информациите во нашите раце станаа моќно оружје. Во тој поглед, сметам дека ситуацијата е обратнопропорционална: Русија имаше повеќе оружје на бојното поле, но во информативниот простор успеавме да ги надминеме, рече Зеленски.
Шефот на државата за ова им се заблагодари на целиот свет и на Украинците.
На 24 февруари 2022 година, Русија започна целосна инвазија на Украина, продолжувајќи ја воената агресија која трае од 2014 година.