ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Издржавме на Мајдан – ќе победиме во војната!

November 21, 2022 15:50
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС

Од самиот почеток на воспоставувањето на Денот на Достоинството и Слободата во 2014 година, Украинците го слават овој датум во воени услови. Воените дејствија се одвиваа на исток, токму таму украинската армија ги бранеше највисоките вредности, за кои се бореа на Мајданите, токму таму ризикот од губење на овие вредности го разбираа со особена острина.

Во февруари оваа година, бојно поле за слободата и независноста на нацијата и независноста стана цела Украина. Агресијата од големи размери на русија против Украина ја претвори нашата држава во еден вид Мајдан со нејзините основни принципи на самоорганизација, консолидација, взаемна помош и бестрашност. Војната не принуди поактивно да го преиспитуваме нашето минато, подлабоко да ја чувствуваме и разбереме важноста на тие вредносни ориентири кои беа јасно и отворено декларирани на Мајданите.

Денот на Достоинството и Слободата Украинците го прогласуваа двапати – кога излегоа на Плоштадот на Независноста во 2004 година и ја организираа Портокаловата револуција, и во 2013-2014 година, враќајќи си го правото на Достоинство и Независност, утврдувајќи го своето стремење да бидат во европската заедница, да живеат според принципите на демократскиот, правно – цивилизираниот свет.

Портокаловата револуција беше првото одлучувачко „Не“ на Москва за сите нејзини напори да ја претвори независна Украина во своја колонија. Меѓутоа, тогаш, во радосната еуфорија на победата на украинскиот народ над злосторната проруска влада, сè уште изгледаше возможен мирниот соживот на две држави – Украина и руската федерација, а сета понатамошна политичка и информативна агресија општеството ја сметаше за нешто привремено, што ќе помине во процесот на демократизација на русија.

Револуцијата на Достоинството не беше само пресвртен момент во историјата на Украина, тоа беше настан што го промени светот. Достоинството и издржливоста на Украинците, манифестирани во текот на трите зимски месеци (2013-2014), нивната желба за правда и слобода, беше посилна од целиот насилен апарат на тогашната злосторна власт. Посилни од пендреците, куршумите, гранатите, отровниот гас и моќната машина за дискредитација и дезинформација што русија ја испраќаше за да го уништи невооружениот протест. Револуцијата на Достоинството ни ја покажа нам, на целиот свет, моќта на нашата издржливост, единство, љубов кон слободата. Револуцијата на Достоинството не научи да се бориме до победа.

Ц. М.

Tags: Војна во УкраинадостоинствоМајданслобода
Next Post

Цените треба да поевтинат од 1 декември, на потег се производителите и маркетите

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Зеленски вели дека Украина е подготвена да најде „дипломатски начин“ за завршување на војната

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Трамп го пофали црниот костум на Зеленски

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk