ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ден на Албанската азбука: Проблеми во примена на институционално ниво, на јазикот се уште се гледа како на пречка

November 22, 2022 15:23
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонија албанскиот јазик со години е официјален и неговата употреба е дефинирана со Закон, но албанскиот јазик и азбука и натаму се соочуваат со одредени отворени прашања, велат аналитичарите по повод одбележување на 114-годишнината од конгресот во Битола на кој беше стандардизирана албанската азбукаа.

Осврнувајќи се на употребата на албанскиот јазик, Исмет Рамадани за „Локално“ вели дека се уште не е постигната потребната цел во однос на обемот на употреба на јазикот во институциите, но и во делот на доследна институционална примена на јазикот според унифицираните јазични норми.

„Во некои институции не се применува албанскиот јазик и по се изгледа тоа зависи од вољата на првите луѓе. А во однос на квалитет мислам дека тоа е општа појава, дека не се зборува јазикот со тој стандард како унифициран албански јазик кој треба да го зборуваат посебно во медиумите, како и во непосредна комуникација на институционално ниво“, вели Рамадани.

Тој дополнува дека во непосредната комуникација меѓу луѓето, како што е семејната комуникација, може да се толерира послободна употребата на дијалекти во албанскиот јзик, но нагласува дека „на институционално мора да се внимава дури и да се инсистира јазикот да се зборува со стандардите што се пропишани и унифицирани“.

Љуљзим Хазири, граѓански активист, се согласува дека има проблеми во примена на албанскиот јазик и дека во институциите каде што се користат албанскиот јазик и азбука има примери дека тоа се прави недоследно на јазичните норми. Но за ова Хазири одговорноста ја гледа кај  раководителите  на институциите.

„Тие што се занимаваат со лингвистика велат дека јазикот не е доследно применуван според потребните стандарди. Од друга страна пак загрижувако е што е што на јазикот се уште се гледа како на пречка, а не како инструмент за зближување односно за социјална кохезија. Неговата употреба во институциите наспроти законската рамка која полека полека се формира се унапредува, но сепак останува на вољата на раководителите на интитуциите. Ако со една институција раководи Албанец, тој се грижи за примена на воспоставените стандарди, но со промена на раководство се случува новите раководители како да забораваат на оваа законска употреба на албанскиот јазик“, вели Хазири.

Како и да е, во јавноста има укажувања дека и од институциите со кои раководат Албанци се испраќаат соопштенија со јазични грешки и дека има повеќе такви примери.

Институцијата што треба да ја казнува непримената и погрешната примена на албанскиот јазик е Инспекторатот за употреба на јазиците. Според извештајот за првите шест месеци од годинава, институцијата, според систематизација, треба да има 76 службеници, а има само 17 – што е едвај 20 отсто од потребниот кадар.

Инаку Хазири вели дека има и други проблеми кои може да се надминат и дека за тоа е потребно поголемо внимание од институциите.

Па така во време електронски комуникации, според него, инстуциите треба да бидат поактивни во комуникација со албанската заедница на веб страниците.

„Имаме веб сајтови на министерствата кои се едно јазични или се двојазични, во дел на инфорамациите на албанскиот јазик, сајтовите не се обновуваат со актуелни вести и информации туку ги има примарните информации за институцијата, посочи тој.

Инаку од 22 ноември 2007 година, континуирано, Денот на албанската азбука во земјава се слави како државен празник и е неработен ден за граѓаните на албанската заедница во Северна Македонија.

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, денеска упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија.

Во честитка се потврдува посветеноста на  Македонија кон негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество.

Извор: Локално

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Избран новиот папа: Лео XIV првиот американски папа во историјата

May 8, 2025

(ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аналитичари сметаат дека Мицкоски спроведува етничка програма во мултиетничка држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град окован во лаги и срам: Туристички водич низ отворениот музеј на кичот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk