ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

СДСМ го поддржува предлог законското решение за забрана за увоз на отпад, управувањето со отпадот е наш приоритет

Го следиме интересот на граѓаните и затоа пратеничката група на СДСМ ќе го поддржи и ќе гласа ЗА предлог законското решение за забрана за увоз на отпад, кое е влезено во собраниска процедура.

February 2, 2020 13:35
in ЗЕЛЕНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ како одговорна партија се грижи за заштита и унапредување на животната средина и здравјето на граѓаните. Управувањето со отпадот е и останува наш приоритет. Тоа го покажуваат и мерките кои ги преземаме за воспоставување на интегрирано управување со отпад, со фокус на сите прашања од оваа област за кои нудиме законски решенија и постојано ги решаваме, кажа на денешната прес-конференција претседателка на Комисија за животна средина на СДСМ, Шукова.


„По отворената дебата и мислењето кое го даде невладиниот сектор и експертската јавност како одговорна партија ја информираме јавноста дека ги подржуваме измените на Законот за управување со отпад, со кој се предлага забрана на увоз на отпад кој се користи како извор на енергија.

Го следиме интересот на граѓаните и затоа пратеничката група на СДСМ ќе го поддржи и ќе гласа ЗА предлог законското решение за забрана за увоз на отпад, кое е влезено во собраниска процедура.

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за забрана за увоз на отпадот кога се знае дека додека беа на власт во нашата држава се увезуваа над сто илјади тони опасен отпад. Денеска таа бројка е намалена на 2600 тони.

Како одговорна власт се обврзуваме дека во најбрз можен рок ќе усвоиме целосно системско решение за овој проблем, кое ќе ги опфати сите аспекти на увоз и извоз на отпад и негова постојана контрола преку сите институционални форми, а во согласност со европските пракси.

Во таа смисла ќе акредитираме и домашна лабораторија за проверка на составот на отпадот, ќе се ангажираат повеќе инспектори кои ќе вршат редовни и вонредни контроли на правните лица кои вршат увоз и извоз на отпад од Македонија

Факт е дека во нашата држава, после долги години манипулирање со граѓаните се преземаат вистински мерки за управување со отпадот.

Се расчистува опасниот отпад од ОХИС, се работи на утврдување на состојбите со останатите две депонии во и околу кругот на ОХИС, се засилува инспекцискиот надзор на централно и локално ниво, а Дрисла конечно е под надлежност на град Скопје. Начинот на управување на Дрисла ќе биде во согласност за законската регулатива во РСМ, со нови инвестиции и унапредување на системот за интегрирано собирање, транспорт и депонирање на отпадот. Намалувањето на отпад кој се депонира е наш приоритет, согласно европските цели и стандарди, како и позитивни искуства.

Граѓанскиот, научниот сектор и деловната заедница остануваат наши партнери во креирањето и имплементацијата на политиките за животната средина. Граѓаните умеат да ги препознаат вистинските политики кои и носат добро на државата наспроти лицемерието, лагите и измамите. Затоа на 12 април ќе дадат поддршка за политиките на СДСМ кои даваат резултати“, кажа Шукова.

Next Post

Македонско собрание: Тврдењата на проф. Силјановска-Давкова се целосно неосновани и тенденциозни

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk