ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тимоние: Во потрага сме по решение, а не по нови проблеми

Зборувајќи за методологијата за проширување на ЕУ што ја бараше Франција, Тимоние истакнува дека пристапот во моментот е позитивен и оти се во потрага по решение, без да се создаваат нови проблематични состојби.

February 2, 2020 19:16
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Верувам дека постојат големи очекувања, но знаете, Европската Унија сама по себе не може да има улога на спасител. Таа е подготвена и има обврска да помогне затоа што вашата иднина е европска и ние воопшто не се сомневаме во тоа, но треба да се работи на двете страни. Ние, од наша страна, вие од ваша страна, а особено политичките чинители кои ќе мора да го изнајдат патот на компромисот, без да се прибегнува кон заемна амнестија, вели францускиот амбасадор во држвава Кристиан Тимоние во интервју за весникот Вечер.

Зборувајќи за методологијата за проширување на ЕУ што ја бараше Франција, Тимоние истакнува дека пристапот во моментот е позитивен и оти се во потрага по решение, без да се создаваат нови проблематични состојби.

За отпочнување на преговорите, наведува, потребно е целиот институционален систем да биде подготвен. Некои наши партнери, како и Комисијата, посакуваат брз календар, што соодветствува со нашите претпоставки. Терминот што си го дадовме и кој експлицитно е наведен во заклучоците од последниот Совет, тоа е загрепскиот Самит.

-Дали тоа значи дека тогаш ќе се официјализираат одредени одлуки и ќе се забрза процесот, не би знаел да кажам, иако ние тоа навистина го посакуваме. Колку побрзо започнеме да ја применуваме новата методологија, толку подобро. Уште еднаш ќе кажам дека наша желба е што побрзо да видиме конкретни резултати, особено тоа да го почувствуваат граѓаните. Сакам да ве потсетам дека постојат и одредени буџетски прашања, затоа што ние во моментов водиме преговори за новиот буџет на Европската Унија за наредните години, што воопшто не е едноставно, бидејќи како што знаете, со заминувањето на Обединетото Кралство ќе се создаде недостаток од 12 милијарди евра во следната 2021 година, што е приближно на македонскиот бруто домашен производ, а дополнително ќе треба да ги покриеме амбициозните програми на новата методологија, вели амбасадорот Тимоние.

Next Post

Дескоска: Наместо да измислуваат афери, ВМРО-ДПМНЕ да подготват амандмани на законот за Јавно обвинителство

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk