ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дескоска: Наместо да измислуваат афери, ВМРО-ДПМНЕ да подготват амандмани на законот за Јавно обвинителство

Штом дојде на дневен ред Законот за јавно обвинителство очигледен е очајот и стравот на ВМРО-ДПМНЕ, поради што нивните фејкери на чело со Антонио Милошоски се пуштени на најјако. 

February 2, 2020 19:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за правда Рената Дескоска денеска од својот Фејсбук профил му порача на ВМРО-ДПМНЕ наместо да измислува афери, да се посветат на изготвување амандмани на законот за Јавно обвинителство.

– Штом дојде на дневен ред Законот за јавно обвинителство очигледен е очајот и стравот на ВМРО-ДПМНЕ, поради што нивните фејкери на чело со Антонио Милошоски се пуштени на најјако. Во интерес на вистината информирам дека во септември минатата година е донесен нов Закон за правосуден испит, кој предвидува спроведување на усен испит по кривично право (кривично материјално и процесно право), граѓанско право (граѓанско материјално и процесно право), трговско право, трудово право, уставно уредување на Република Северна Македонија и Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, организација на правосуден систем и управно право и судир на закони и меѓународна правна помош. Предметите кои се предвидува да се полагаат се во согласност со програмите на земјите во регионов каде се спроведува правосуден испит од ист или сличен тип, напиша Дескоска на Фејсбук.

Додава дека програмата за испитите ја изготвила Комисија составена од професори и судии кои ги подготвиле испитните прашања, листата на прописите и правната литература. Задолжителен дел на испитот е познавање на прописите. Правосудниот испит се полага од Уставот и од законите и на него се бара знаење за примена на правните одредби.

Наведува дека листата со правната литература е индикативна, доколку некој од кандидатите има потреба од дополнителни разјаснувања. На листата на правна литература се учебници кои се одобрени на правните факултети во Северна Македонија и меѓу нив се учебници напишани од професорите: Камбовски, Тупанчески, Лажетиќ, Калајџиев, Мисоски, Илиќ- Димоски, Арнаудовски, Груевска – Дракулевски, Родна Живковска, Тина Пржеска, Гале Галев, Јадранка Дабовиќ Анастасовска, Дејан Мицковиќ, Ангел Ристов, Арсен Јаневски, Татјана Зороска Камиловска, Поликсена Гравровска, Тони Дескоски, Саво Климовски, Гордана Силјановска-Давкова, Тања Каракамишева и други.

– Овие учебници, најголем дел од кандидатите ги имаат од периодот на нивното студирање, но и да ги немаат ниеден кандидат не е обврзан да ги купи.  А учебникот од Поликсена Гавровска и Тони Дескоски и да сака ниеден кандидат не може да го купи, бидејќи истиот е објавен во 2011 година и целиот тираж е исцрпен. Учебникот е коавторски, а едниот автор е починат. Авторите имаат дадено одобрение за фотокопирање на учебникот без авторски надомест и тоа го знае секој студент на правен факултет. Испитот по овој предмет е дел од програмата за правосудни испити во државите од регионот, а во Северна Македонија учебникот на проф. Поликсена Гарвровска и проф. Тони Дескоски е единствен одобрен учебник кој го обработува тековниот закон, по кој се учи на најдобро рангираниот правен факултет кај нас. Ако ВМРО-ДПМНЕ и особено Антонио Милошоски има забелешка на стручноста на проф. д-р Тони Дескоски, ги повикувам истото јавно да го кажат, а не да измислуваат афери таму каде што ги нема, напиша Дескоска.

Таа вели дека при подготвувањето на програмата од страна на комисијата, очекувала во неа да биде вметната и некоја од книгите по право кои ги превела владата на ВМРО-ДПМНЕ во текот на нејзиното владеење.

-За жал, ниедна од нив не е дел од правосудниот испит, бидејќи сите изготвувачи на програмата за правосуден испит ги отфрлија како неупотребливи. Останува прашањето кое ВМРО-ДПМНЕ треба да го одговори, која беше целта на тие неупотребливи преводи и за што беа фрлени толку многу пари од буџетот?, се наведува во нејзиниот статус.

Што се однесува до Комисијата за правосуден испит, додава Дескоска, таа е составена од професори по право од акредитираните правни факултети во државата, судии, јавни обвинители и адвокати. Нагласува дека комисијата целосно ги исполнува законските критериуми и е составена согласно законот.

-Интересно е што ВМРО-ДПМНЕ имаат забелешки на 6, а Антонио Милошоски нашол „маани“ на 7 од вкупно 14 членови на комисијата. Тоа значи кај ВМРО-ДПМНЕ „сум положила“ со преку 50% неоспорени кандидати, а кај Милошоски односот на „соодветни“ и „несоодветни“ кандидати е 50%:50%. Па и не би било добро ако целата комисија и се допадне на ВМРО-ДПМНЕ, зарем не? Веројатно ним им недостасува времето кога Јово Вангеловски беше претседател на комисијата. Новата Комисија за правосуден испит составена од стручни, принципиелни и професионални луѓе гарантира непристрасност и независност во спроведување на испитите кои се јавни, поради што јавноста ќе може да го посведочи истото, додава Декоска во објавата.

На крајот им порачувам на ВМРО-ДПМНЕ и на Антонио Милошоски, наместо да се занимаваат со измислување на афери таму каде што ги нема, да се посветат на подготовка на амандмани на Законот за јавно обвинителство, ако мислат дека има потреба да се прават измени на текстот.

-Само така ќе покажат дека се спремни да го остават зад себе времето на „моќници“, на „нарачани лустрации и прогони“ и да ги стават интересите на евроинтеграцијата пред личните интереси на обвиниетите и осомничените криминалци од нивните редови, напиша Дескоска.

Next Post

СДСМ: Уште лаги на ДПМНЕ, Заев не бил на тајни средби ниту пак се среќавал со сомнителни бизнисмени

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

November 15, 2025

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 15, 2025
Фото: Maria Oswalt / Unsplash

Во САД извршена уште една смртна казна: 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за тројно убиство

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk