ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со трибините, СДСМ покажа дека владините функционери се тука за граѓаните, а не граѓаните за нив

November 28, 2022 11:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако повеќе од еден месец, премиерот, министрите, владините и партиските функционери од СДСМ шетаа и се среќаваа со граѓаните во сите градови во земјава, ги слушаа нивните критики и предлози, станува јасно дека се менува начинот на водење на политика во Северна Македонија. Наместо политичарите да ги користат граѓаните само за избори и тие да одлучуваат што е најдобро за граѓаните, со ваквиот пристап граѓаните се тие кои ги даваат предлозите, но и ги критикуваат политиките.

Граѓанските трибини на СДСМ ги заменуваат класичните митинзи, каде што важни беа само бројките на присутни. Претставувањето на политики и држењето говори се заменува со разговор и слушање на предлози кои доаѓаат директно од граѓаните.

Во време на криза токму тоа е и најпотребно на граѓаните, да знаат дека државата е тука за нив, дека е меѓу нив и дека ги слуша нивните потреби. Креирањето на антикризни мерки не може да се прави единствено од кабинет на премиер или министер, туку меѓу народот, со народот и за народот.

Токму кризата и мерките на Владата е една од главните теми кои се разговараат на трибините на СДСМ, каде што од граѓаните се слушаат пофалби, но и конкретни предлози за тоа како државата треба да помогне за справување со кризите. Досега издвоените 760 милиони евра се најголемиот антикризен пакет во регионот, потврден од Светска банка, а предлогот за новиот Буџет покажува дека функционерите ги слушале граѓаните на трибините и дека мерките ќе продолжат.

Друга тема која доминира на граѓанските трибини е и почетокот на преговорите со Европската Унија. По долги години чекање, земјава го откочи процесот, со заштитен јазик и идентитет, а регионалната соработка и соработката со ЕУ помогнаа да се обезбедат енергенси и храна за претстојната тешка зима. Токму овие успеси, му овозможија на премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски со една нова енергија да се појави меѓу своите сопартијци, за да ги слушне нивните ставови и предлози.

Но освен досегашните политики и постигнувања, веројатно најважниот дел на трибините се разговорите за визијата за развој на земјава. Преовладува оптимизам дека следната, 2023 година, ќе биде пресвртница во економска смисла, а енергетската транзиција ќе ја направи Северна Македонија зелена оаза на Балканот.

Тоа што граѓаните го препознаваат на овие трибини е енергијата која премиерот Ковачевски ја има и ја вложува во справувањето со кризите, но и во креирањето на визијата за напредок на земјава. Тоа е јасно видливо на граѓанските трибини, особено низ разговорите на премиерот со граѓаните, кои отворено разговараат за антикризните мерки и даваат своите предлози за справување со кризите, но и иднината на земјата.

Извор: 24инфо

Next Post

Претседателот Пендаровски домаќин на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk