ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кулминација на хаосот во јавниот превоз во Скопје

November 29, 2022 16:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Фото: 24инфо

Фото: 24инфо

Share on FacebookShare on Twitter

Хаосот во градскиот превоз на град Скопје, не само што ќе продолжи туку и ќе се засили, по последните најави на приватните превозници кои планираат во петок да го блокираат централното подрачје на најфрекфентните раскрсници со двесте автобуси.

Кулминацијата на хаосот ќе ја видиме овој петок.

Приватните автобуси престанаа да возат бидејќи ЈСП и Град Скопје не им исплаќаат пари за тоа што возат секој ден. Според договорот на приватниците со Градот, тие треба да добиваат по едно евро за секој изминат километар. Но, овој договор градските власти не го почитуваат и три месеци не им се префрлени пари на превозниците со што вкупниот долг е 1,5 милион евра.

Данела Арсовска, градоначалничката, која победи на ланските локални избори и најавуваше “Модерно Скопје” и “Бесплатен јавен превоз” засега безуспешно го решава проблемот со хаосот во Скопје.

Зошто од одговорност бегаат и луѓето кои ја донесоа Данела Арсовска и помогнаа таа биде градоначалник

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бараа поддршка од граѓаните на Скопје за нивната кандидатка за градоначалничка, но сега се оградуваат, иако најавуваа фабрика за автобуси и 250 нови еколошки автобуси.

Направија штета со блокирањето на БРТ системот и кредитот од ЕБОР со кој Скопје трајно ќе го решеше градскиот превоз.

Нема коментар ниту од конкурентите на Шилегов, кои индиректно или директно ја помогнаа победата на Арсовска.

Засега молк и од Бени Шакири кандидатот на ЛДП, но затоа советникот од ЛДП Никола Пановски револтиран од односот на Арсовска ја напушти последната седница на совет.

„Десет месеци го трпам ова ваше однесување односно неодговарање на прашања. Немате култура на одговарања прашање, ниту едно прашање не сте одговориле досега од почетокот на мандатот. Јас ќе ја напуштам седницата, а службите нека ми го земат слободно паушлот што ми следува од оваа седница“, ѝ рече Пановски на Арсовска.

Ја нема фабриката за автобуси што Мицкоски ја најавуваше, велат од СДСМ

„Јавниот превоз е во колапс, а и останатите јавни претпријатија се во хаос. Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз, а деновиве се случува целосен сообраќаен хаос“, објавија утрово од СДСМ.

Од владејачката партија се децидни дека нема ништо од бесплатниот автобуски превоз, нема нови автобуси и дека ја нема фабриката за автобуси што Христијан Мицкоски ја најавуваше.

„Не се менаџира ниту постоечкиот автобуски превоз, па граѓаните на Скопје со денови се приморани да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни што предизвикува нервози, доцнења на работа, на училиште, на факултет, на лекар…По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност на главниот град му приредува нова непогода“, порачуваат од СДСМ.

Веќе осум дена како на скопските улици не сообраќаат автобусите на приватните превозници. Приватните превозници вчера со триесетина автобуси ја блокираа крстосницата кај Мавровка и го парализираа сообраќајот во Скопје.

Се огласи и Шилегов: Со сензационалистичко пласирање на лаги и невистини, купуваш ден, недела, месец, но не решаваш проблем

„Со сензационалистичко пласирање на лаги и невистини, купуваш ден, недела, месец, но не решаваш проблем. А нерешениот проблем ? Еееее, нерешениот проблем по истекот на денот, неделата, месецот се враќа и стравично удира. Право во глава …. Оди си. Не се (не) мачи сите …“, и порача екс-градоначалникот Петре Шилегов на Арсовска, неодамна во свој фејсбук пост.

Извор: Центар

 

Next Post

Полиграф: Кој шири дезинформации дека не се започнати преговорите со ЕУ?

НАЈНОВО

ВИ

Розови таблички за возилата: Франција воведува нова боја за привремена регистрација за да спречи измами

October 31, 2025

Отворен е рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк

October 31, 2025

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Во Аеродром постои силно опозициско расположение, да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk