ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Националната конвенција за ЕУ на Северна Македонија постави темели за успешен процес на пристапните преговори

December 1, 2022 13:29
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

САД како ваш стратешки партнер и сојузник стојат цврсто зад вашиот пат кон ЕУ затоа што тоа промовира мир, демократија, просперитет на европскиот континент и дава иднина на граѓаните што тие ја заслужуваат. Во изминатите години преку американските агенции за меѓународен развој, Американската влада го унапреди доброто владеење, децентрализација, исто така ги направи принципите на транспарентно владеење и помогна да се креираат политики коишто се усогласени со ЕУ.

Ова го истакна Ерик Мејер, заменик шеф на мисијата во Амбасадата на САД во обраќањето на петтата пленарна седница на Националната конвенција за европска интеграција. Тој нагласи дека во партнерство со Владата на Словачка американската Влада даде поддршка на Националната конвенција за ЕУ на Северна Македонија и заедно ги поставија темелите за успешен процес на преговори.  

-Во изминатите пет години Националната конвенција даде значаен придонес да ја подготви земјата да се приклучи кон ЕУ. Работните групи овозможија отворена инклузивна дебата за интеграцијата во ЕУ заедно со претставниците од граѓанскиот сектор, претставници од Владата, граѓански организации, како и поединци експерти. Особено сум задоволен што имаме различни претставници кои опонираат на политичките мислења на сите прашања поврзани со реформите, рече Мејер.  

Тој истакна дека е охрабрувачки што сите препораки од работните групи се веќе применети, но потребно е вели, да се покаже понатамошна заложба од страна на сите чинители за континуирано усвојување и примена на преостанатите препораки на Националната конвенција. При тоа ги повика граѓанските организации коишто се вредни партнери да продолжат активно да бидат вклучени во процесот на преговори.

Словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш меѓу другото го подвлече значењето на Националната конвенција за подготовката на земјата за пристапните преговори за членство во ЕУ нудејќи дебати со вклученост на националните актери – Владата, Парламентот, граѓанското општество, деловната и академската заедница, но и на странски експерти, особено од Словачка споделувајќи го словачкото искуства на патот кон ЕУ.

-Северна Македонија досега успеа во своето национално законодавство да усвои околу 45 проценти од европското аки може да се смета за успех, но имајќи ги предвид вашите амбиции да станете полноправна членка до 2030 година, потребни се многу повеќе напори во следните години. Треба не само да остварите 100-процентно транспонирање на аки-то во домашната легислатива во многу кратко време, туку и да се фокусирате на негова имплементација на сите нивоа во вашето општететсво. Ова е сфера во која Северна Македонија треба да се подобри значително и да постигне најголем прогрес досега. Нивото на вашето разбирање на овој основен постулат е одлучувачки за вашиот пристапен процес заедно со новата методологија, порача амбасадорот Маркуш.

Next Post

НАСА избра компанија за изградба на инфраструктура на Месечината

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk