ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дали Иран попушта пред протестите? Најавено е можно укинување на обврската за носење хиџаб

December 4, 2022 12:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ФЕМИНА

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција. „Моралната полиција нема никаква врска со судството и затоа е укината, изјави главниот ирански обвинител Мохамад Џафар Монтазери, пренесуваат западните медиуми повикувајќи се на новинска агенција ИСНА.

Покрај тоа, Иран соопшти дека ќе го ревидира деценискиот стар закон со кој се бара од жените да ги покриваат главите, бидејќи се бори да ги смири повеќе од двомесечните протести поради строгиот кодекс на облекување. Протестите го зафатија Иран по смртта во притвор на 16 септември на Махса Амини, 22-годишна Иранка со курдско потекло, која беше уапсена од полицијата за морал поради наводно кршење на шеријатскиот закон.

Демонстрантите ги палеа прекривките за глава и извикуваа антивладини слогани. Од смртта на Амини, сè поголем број жени не носат хиџаб, особено во модерниот северен дел на Техеран. „И парламентот и судството работат (на прашањето) дали законот треба да биде изменет, изјави вчера иранскиот државен обвинител Мохамад Џафар Монтазери.

Според ИСНА, тој не прецизирал што може да се смени во законот со одлуката на тие две тела, кои се во мнозински раце на конзервативците. Тимот за ревизија се состана во средата со парламентарната комисија за култура „и резултатите се очекуваат за една или две недели“, истакна државниот јавен обвинител.

Претседателот Ебрахим Раиси вчера изјави дека темелите на иранската република и исламот се запишани во уставот. „Но, постојат методи за спроведување на уставот кои можат да бидат флексибилни“, рече тој во телевизиско обраќање.

Хиџабот стана задолжителен за сите жени во Иран во април 1983 година, четири години по Исламската револуција која ја собори монархијата поддржана од САД. Тоа останува многу чувствително прашање во земја каде што конзервативците инсистираат на тоа дека хиџабот треба да биде задолжителен, додека реформистите сакаат да го остават на индивидуален избор.

Откако хиџабот стана задолжителен со закон, со промената на стандардите за облекување, стана вообичаено да се видат жени во тесни фармерки и широки, шарени шамии. Но, во јули оваа година Раиси, ултраконзервативец, повика на мобилизација на „сите државни институции за спроведување на законот за носење шамии“.

Сепак, многу жени продолжија да ги кршат правилата што им беа наметнати. Во септември, главната реформистичка партија во Иран повика на укинување на законот за задолжителен хиџаб.

Унијата на исламската народна партија на Иран, основана од роднини на поранешниот реформистички претседател Мохамад Катами, вчера побара од властите „да подготват правни елементи кои го отвораат патот за укинување на законот за задолжителен хиџаб“. Опозициската група, исто така, ја повикува Исламската Република „официјално да објави крај на активностите на полицијата за морал“ и „да дозволи мирни протести“, се вели во соопштението.

Иран ги обвинува своите најголеми непријатели САД и нивните сојузници, вклучително Велика Британија, Израел и курдските групи надвор од земјата, за поттикнување улични протести кои Владата ги нарекува „немири“.

Генерал во иранската Исламска револуционерна гарда оваа недела, првпат изјави дека повеќе од 300 луѓе ги загубиле животите во немирите по смртта на Амини. Највисокото тело за безбедност на Иран, Врховниот совет за национална безбедност, вчера соопшти дека бројот на убиените за време на протестите „пречекорува 200“.

Невладината организација Иран Хјуман Рајтс со седиште во Осло во вторникот соопшти дека најмалку 448 луѓе биле „убиени од безбедносните сили во протестите кои се одржуваат низ целата земја“.

Официјалниот претставник на ОН за човекови права Волкер Турк минатата недела изјави дека 14.000 луѓе, меѓу кои и деца, биле уапсени при задушувањето на протестите. Кампањата на апсења вклучува спортисти, познати личности и новинари.

Меѓу последните луѓе кои беа уапсени беше филмската ѕвезда Митра Хаџар, која вчера била приведена во нејзиниот дом, пишува реформистичкиот весник „Шарг“. Врховниот совет за национална безбедност соопшти дека покрај човечките жртви, насилството предизвикало штета проценета на неколку милиони долари.

Tags: Иранморална полицијапротестиукинувањехиџаб
Next Post
Бранко Тричковски

Мис на девственоста во куплерај

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk