ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Османи на брифинг со шефови на странски дипломатски мисии во земјава

December 5, 2022 12:02
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска одржа брифинг со шефови на странските дипломатски мисии и мултилатерални организации во земјава и ги претстави најзначајните активности во надворешната политика во изминатата година, информира МНР.

Во рамките на претставувањето на работата на МНР, Османи направи осврт и кон претстојните активности на дипломатијата во 2023 година, со посебен акцент на актуелностите во однос на нашето ЕУ досие, претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, претседавањето со САД – Јадранската повелба (А5), во делот на имплементацијата на политиките на НАТО во регионот, како претседавањето и со ПСЈИЕ – Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

–Почетокот на пристапните преговори за членство во Европската Унија по 17 години кандидатски статус и забрзување на процесот на ЕУ-реформите, меѓу другото и преку скринингот што веќе се одвива; потоа лансирањето на Стратешкиот дијалог со САД, како надградба на Стратешкото партнерство од 2008 година; потпишувањето на договорот за Фронтекс, кој долги години беше заглавен поради несогласувањето за употребата на македонскиот јазик; потоа членството на Северна Македонија во Унијата за Медитеранот, како една од поголемите мултилатерални организации за соработка на Европа со земјите од Медитеранот; но и активен придонес и доследното спроведување на преземените обврски како НАТО членка; сѐ се тоа бројните значајни постигнувања што ќе бидат забележани во надворешната политика на земјава во 2022 година, истакна Османи во воведното обраќање пред дипломатите.

 Османи ја истакна и посебноста на земјава и нејзиниот придонес во меѓународните односи како земја препознатлива по нејзината автентична култура на дијалог и способност за постигнување компромиси за билатерални прашања. Република Северна Македонија, наведува МНР во соопштението, се докажа и се промовираше како активен придонесувач во градењето и зајакнувањето на стабилноста, добрососедските односи и регионалната соработка во Југоисточна Европа. 

– Преку многу работа, преку упорност и инсистирањето на политиката на компромис ја нагласивме европската надеж за целиот регион и уверен сум дека нашиот пример може да се искористи како пример и за останатите земји во надминување на преостанатите отворени прашања на Балканот. Ние сме подготвени на ова да работиме, секако во соработка со нашите меѓународни партнери и пријатели, нагласи Османи.

 МНР посочува дека на брифингот дипломатите покажаа голем интерес за претстојните активностите на земјава по сите актуелни прашања: од начинот на имплементација на европското досие, преку нашата улога во НАТО и однос кон руската агресија врз Украина, како и за приоритетите и плановите во рамките на нашето претседавањето со ОБСЕ и другите мултилатерални организации во 2023 година.

Next Post

Премиерот Ковачевски ќе бара поништување на државјанството на Онишченко

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk