ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Макрон во Варшава за проширувањето на ЕУ и отварањето на преговори со Северна Македонија

-Претседателот Дуда, сака да разговара за причините за скептичниот став на францускиот претседател и можноста од него да отстапи, изјави Шчерски за претстојните разговори за време на првата билатерална посета на францускиот претседател на Полска, по седум години, кажа Шчерски.

February 3, 2020 12:57
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Полскиот претседател Анджеј Дуда ќе се обиде денеска во Варшава да го убеди францускиот претседател Емануел Макрон да го олесни неговиот скептичен став кон проширувањето на Европската унија за Западен Балкан и за почетокот на преговорите со Северна Македонија, соопштија од Кабинетот на полскиот претседател.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Бета ја пренесува изјавата на шефот на кабинетот на полскиот претседател, Кшиштоф Шчерски кој изјави дека „Полска ќе ги убедува француските партнери да ја остават вратата отворена за земјите што сакаат да влезат во ЕУ и во НАТО.“

-Претседателот Дуда, сака да разговара за причините за скептичниот став на францускиот претседател и можноста од него да отстапи, изјави Шчерски за претстојните разговори за време на првата билатерална посета на францускиот претседател на Полска, по седум години, кажа Шчерски.

Тој потсети дека „еден ден подоцна, во вторник, претседателот Дуда во Варшава ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и ќе го пренесе исходот од разговорите со претседателот Макрон.“

Дводневната посета на Емануел Макрон на Полска, која претставува обид за ублажување на односите меѓу Париз и Варшава, особено по Брегзит, ќе биде придружена од министрите за надворешни работи, одбрана, економија и култура, а претседателите ќе потпишат програма за полско-француска стратешка соработка за следните четири години.

-Тоа е посета на тешко премерување, ова се крупни теми. Улогата на Париз, улогата на Варшава, улогата на Берлин и другите европски метрополи ќе биде клучна во водењето политика на нашиот континент и во глобалната политика. Особено што континентална Европа носи многу потежок товар, многу поголема одговорност по Брегзит, кажа Шчерски за полската државна ТВ ТВП.

Макрон и Дуда денеска ќе разговараат за безбедносните прашања, односот на НАТО со Русија, каде Полска, за разлика од Франција, не сака да се откаже од санкциите и зголемениот притисок врз Москва сè додека, како што кажа полскиот министер за надворешни работи Јацек Чапутович, не се врати на почитување на меѓународното право.

Од француска страна, во пресрет на посетата, беше најавено дека Претседателот Макрон, за време на неговата прва посета на некоја земја членка на ЕУ, по напуштањето на Велика Британија, сака да ги ресетира и да ги подобри односите со Полска, каде со доаѓањето на конзервативците, односите од 2016 година почнаа да се затегнуваат.

Со ставот кон Русија и проширувањето кон Западен Балкан, односите се оптоварени и поради француската критика за контроверзната полска правосудска реформа, каде Париз застапува иста позиција како Брисел и ЕК, дека владеењето на правото во Полска е загрозено по серијата реформи, како и климатските прашања, каде Полска одбива да се придружи на европските амбиции, до 2050 да се ослободи од зависноста од јаглен.

Ова затегнување на односите доведе и до парализа на Вајмарскиот триаголник, неформална платформа за соработка меѓу Германија, Франција и Полска, а сега и од двете страни, како и во Берлин, постои желба да се оживее Вајмарскиот триаголник, бидејќи Полска по Брегзит станува петта земја-членка на ЕУ во однос на населението и шестата најголема економија по БДП.

Next Post

Субвенции во Карпош за велосипеди и тротинети

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk