ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими во Брисел: Законот за буџети темел на реформите за подобрување на управувањето со јавните финансии

December 6, 2022 13:11
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Брисел учествуваше на билатералниот скрининг, посветен на Поглавјето 32 коешто се однесува на финансиската контрола.

-Подобрувањето на управувањето со јавните финансии во континуитет е  меѓу врвните приоритети на Владата, кој, исто така е и приоритет за пристапување во ЕУ. Како дел од реформата во јавната администрација е еден од клучните критериуми за оценување на напредокот на РС Македонија кон ЕУ. Процесот на постигнување на овој приоритет значи приближување на нашето законодавство со стадардите на ЕУ, подобрување на човечките капацитети и подобрување на целокупниот систем за управување со јавните финансии, а се води преку Програмата за реформи во управување со јавните финансии 2022-2025, која се заснова на концептот СМАРТ финансии, како и Националната стратегија за борба против измама и заштита на финансиските интереси на ЕУ во РС Македонија 2022-2025 година усвоена од Владата, рекол министерот Бесими.

Тој, како што соопшти Министерството за финансии, посочил дека новата програма за реформи на управувањето со јавните финансии цели кон подобрување на среднорочната фискална рамка, зајакнување на процесот на буџетско планирање и на системот за јавни набавки и подобрување на внатрешната и надворешна контрола преку зголемување на тарнспарентноста и отчетноста на работењето.

-Како дел од таа реформа беше усвоен Законот за буџети којшто ја поставува основата за современа фискална политика, подобрени среднорочни фискални проекции и зголемена транспареност. Оваа реформа беше нотирана и во Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија од Европската комисија, додал Бесими.

Министерот истакнал дека во изминатиот период се направени многу напори за натамошно усогласување на националното законодавство со европското во оваа област и дека се спроведени низа реформски активности.

Најавил дека Република Северна Македонија ќе продолжи со реформските активности. Фокусот ќе биде ставен на усвојување на новиот закон за јавна внатрешна финансиска контрола и методолошки алатки и кон усвојување на Нацрт-законот за државна ревизија, со кој треба да се подобри соработката меѓу Државниот завод за ревизија и Собранието, да се подобри парламентарната контрола над спроведувањето на Буџетот и да се обезбеди ефикасно функционирање на координативната мрежа за борба против измами и да се подобри спречувањето, управувањето и известувањето за неправилностите што ги засегаат фондовите на ЕУ.

На состанокот во рамки на билатералниот скрининг биле претставени состојбата, усогласноста и натамошните планови за усогласување во областа на јавната внатрешна финансиска контрола, надворешната ревизија, заштитата на финансиските интереси на ЕУ и заштитата на еврото.

Министерот Бесими вчера во Брисел учествуваше на билатералниот скрининг посветен на економските критериуми. Билатералниот скрининг е првиот чекор во процесот на пристапни преговори со ЕУ. Тој овозможува на земјите-кандидати да се запознаат со законите и стандардите на ЕУ и со обврските што произлегуваат од нив, како и со нивото на подготвеноста на земјите и нивните планови за натамошно усогласување. Во овој процес Министерството за финансии е водечка институција во осум области, односно поглавја во четири кластери, од вкупно шест кластери во процесот, велат од Министерството за финансии.

Next Post

Отворена Интеррег – ИПА Програмата меѓу Бугарија и Северна Македонија за 2021-2027 година, над 30 милиони евра за проекти

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk