ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петров: Договорот од Преспа ги отвора вратите за младите луѓе, не смееме да се враќаме чекор назад

„Политичарите мора да го слушнат вашиот глас и сите заедно да работиме на подобра сегашност, но и посветла иднина. Разочарувачки е ставот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ околу Договорот од Преспа и враќање на нашата земја во време во кое беше неизвесно каде нашата држава, а со тоа и иднината и просперитетот на младите се движат“, рече Петров.

February 3, 2020 13:13
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На младите во нашата земја им е здосадено од неизвесност и политичари без јасна визија. Вие младите сте најголемите поддржувачи на нашата европската интеграција. Вие многу добро знаете во кој правец треба да се движи нашата земја. Вие сакате европска иднина, дома. Вие сакате и заслужувате стабилност. Вие нема да дозволите враќање во минатото, изјави на денешната прес-конференција, Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Политичарите мора да го слушнат вашиот глас и сите заедно да работиме на подобра сегашност, но и посветла иднина. Разочарувачки е ставот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ околу Договорот од Преспа и враќање на нашата земја во време во кое беше неизвесно каде нашата држава, а со тоа и иднината и просперитетот на младите се движат“, рече Петров.

Тие продолжуваат да ги игнорираат пораките на сите наши стратешки партнери дека Договорот од Преспа го откочи патот за Северна Македонија да стане НАТО-сојузник и да го продолжи патот кон ЕУ. Тие го игнорираат и фактот дека токму Договорот од Преспа нѐ придвижи напред од позицијата на 11 годишната стагнација и неизвесност во која западнавме кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Да се разбереме, договорот од Преспа не е само решение на децениски проблем туку е и наше членство во НАТО – а тоа значи:

• повисок економски раст,

• повеќе инвестиции,

• подобро платени работни места,

• нови можности и перспективи за младите, и најважно

• заштитен македонски идентитет.

Укинувањето на Договорот од Преспа што го заговара ВМРО-ДПМНЕ, значи укинување на нашите ЕУ перспективи, значи губење на надежта кај многу млади, значи уште поголемо иселување и разделени семејства, но и загрозување на иднината на новите генерации. Ова никако не смееме да го дозволиме, вие и ние заедно.

„Почитувани млади, она што го заговара ВМРО-ДПМНЕ значи враќање неколку чекори назад. Враќање назад во време на неизвесност и изолација. Време во кое младите престанаа да ја гледаат својата иднина тука. Младите не се вртат назад, тие чекорат напред и затоа на 12 април ќе изберат да ги казнат политичарите кои заговараат укинување и блокирање на европските перспективи, односно младите ќе изберат иднина, ќе изберат прав пат, рече Петров.

Next Post

СЗО: Нема потреба за мерки што влијат врз трговијата

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА