Утрово има дојави за поставени експлозивни нaправи во неколку средни училишта во Скопје, информираа за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму посочуваат дека утрово во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на неколку средни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
Полицијата е на терен и ги проверува просториите во училиштата.
Ова е втора дојава за бомби во училишта и институции во Скопје оваа недела. Во вторникот закани по меил добија девет средни училишта и Народна банка, за кои по полициската проверка беше утрдено дека биле лажни.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна изјави дека серијата дојави до скопските училишта и институции во изминатиот период се класичен пример за хибридни закани и оти се води истрага