ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Битиќи: Одземање ингеренции на Град Скопје би било враќање 20 години назад во децентрализацијата

December 12, 2022 13:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов

Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска порача дека Град Скопје треба да го реши проблемот со приватните автобуски превозници, а евентуалното одземање на ингеренциите на градските власти би било враќање 20 години назад во процесот на децентрализација.

Битиќи во одговор на новинарско прашање рече дека Владата е секогаш тука за граѓаните но, како што посочи, одземањето на ингеренциите на Градот значи влегување во суштински и системски промени и би било на штета, не само на граѓаните на Скопје, туку и на целокупното функционирање на системот. Тоа, потенцира, би значело враќање 20 години назад во борбата за децентрализација.

– Јавниот превоз во Градот Скопје е во ингеренции на Градот Скопје и по закон. Сметам дека Град Скопје треба да се одважи и конечно да седне да го решат проблемот. Ако не е возможно, ние докажавме дека секогаш сме тука за граѓаните. Го решивме проблемот со топлинската енергија, го решаваме проблемот со електричната енергија во целата држава и можеби ќе влеземе веќе во преговори, но тогаш ќе значи нешто друго – дали е тоа и одземање на ингеренции за Градот Скопје, влегување во суштински и системски промени, не знам, затоа што вакво однесување на надлежните сметам дека се на штета не само на граѓаните на град Скопје, туку и на целокупното функционирање на системот, изјави Битиќи.

Дополни дека не е едноставен процесот на одземање ингеренции и порача дека никој нема штета од разговори.

– Ние се бориме последните 20 години за децентрализација. Тоа е во суштина одлика на големите развојни држави. Одземањето ингеренции е враќање назад за 20 години. Ние повикуваме на разум, повикуваме дека никој нема штета од разговори. Секако Градот Скопје си има свои аргументи зошто смета дека се изманипулирани и дека се уценувани, превозниците имаат свои аргументи, нагласи вицепремиерот.

Приватните автобуски превозници и денеска ги продолжија протетсите блокада на булеварот „Илинден“ околу Градот Скопје. Тие започнаа со блокада на главниот град на 28-ми минатиот месец кога со околу 30 автобуси на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, односно булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, побараа да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа. Откако немаше исход,  на 5. месецов направија поголема блокада со поставување околу 200 автобуси на неколку главни точки во главниот град, крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвен Крст, како и булеварот „Илинден“. Во петокот ги одблокираа крстосниците кај  Мавровка и Црвениот крст, и останаа да протестираат на бул. „Илинден“ во околината на Град Скопје

Tags: Град СкопјеФатмир Битиќи
Next Post
Талат Џафери

Џафери: Никогаш не сум вршел притисок за членови на семејството, немам влијаено на одлуката за предвременото полагање на правосуден испит

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk