ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Работници од Тетово бараат државата да им помогне поради неисплатени плати, придонеси и акции

December 14, 2022 12:00
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дел вработените кои работеле во АД Медицинска пластика-Тетово денеска одржаа јавен протест со цел да алармираат дека иако изминуваат 16 години од почеток на стечајната постапка сè уште чекаат да им се исплатат заостанати плати, здравствено и пензиско осигурување и акции. Тие се одлучиле да реагираат на денешен ден преку јавен протест со оглед дека во 2006 година почнала стечајната постапка.

-Во моментот кога отидовме во стечај имаше пет најголеми доверители. Ние вработените со околу два милиони евра бевме најголеми доверители. Стечајот го покрена една банка кон која имаше околу 870 илјади евра долг. Имаме потпишано договори за вонсудска спогодба со обврска на раководството за три години да ни ги врати парите, неисплатени плати што ни должеа. Ништо нема исплатено во текот на стечајната постапка. Од 2002 до 2006 нема платено придонеси за здравствено и пензиско осигурување, односно стаж, изјави Михајло Илиќ, еден од работниците.

Работниците велат дека револтот е голем затоа што нивната голгота трае со години. Тие бараат од државните институции да го решат нивниот проблем и на тој начин да докажат дека функционира правниот систем.

-Имаме сознанија дека фирмата се продава. Купена е за 300 илјади се продава за пет милиони евра. Немаме против, само сакаме да бидеме исплатени. Не бараме социјална помош од државата туку бараме правата да ни да средат и да не исплатат тоа што е наше. За сите овие 16 години нема исплатено ниту една вонсудска спогодба, а нема исплата ниту за оние кои ја тужеле фабриката и го добиле спорот на суд. Го повикувам претседателот и премиерот да реагираат, со оглед дека е почнат скринингот за членство во Европска унија, но на овој начин не може, затоа што има вакви примери како нашиот, каде ние сме оштетени, изјави Верица Ивановска.

Во Медицинска пластика работеле околу 560 работници. Во погоните се произведувале материјали за еднократна употреба во медицината

Tags: придонесипротестработнициТетово
Next Post

Дополнителни 13.000 влезници за мароканските навивачи за полуфиналето

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk