ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Средба Османи-Бјорнстад: Потпишан Меморандум за експертска поддршка меѓу Северна Македонија и Норвешка

December 14, 2022 20:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото извор: Влада.мк

Фото извор: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска го прими специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, амбасадорот Арне Санес Бјорнстад (Arne Sannes Bjørnstad).

Во предвечерието на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји во 2023 година, министерот Османи и амбасадорот Бјорнстад го поздравија одличниот развој на односите изминатите три декади и ја потврдија заемната посветеност за нивно натамошно динамизирање и унапредување. Во таа насока, министерот Османи изрази надеж дека во првата половина на 2023 година во Скопје ќе биде домаќин на возвратната посета на неговиот норвешки хомолог, министерката за надворешни работи Аникен Хајтфелд.

На средбата, министерот Османи изрази благодарност за досегашната соработка и поддршка на Кралството Норвешка во спроведувањето на реформите во нашата земја и во споделувањето на норвешките искуства за унапредување на административните и законодавните капацитети на Република Северна Македонија, потенцирајќи дека се исклучително важни и суштински за севкупните демократски процеси во земјата. Министерот нагласи дека Норвешка беше, е и понатаму ќе биде наш значаен партнер во развивањето на капацитетите за остварување на нашите надворешно-политички приоритети.

Во таа насока, министерот Османи и амбасадорот Бјорнстад потпишаа  Меморандум за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Амбасадата на Кралството Норвешка, со кој се предвидува норвешка експертска поддршка за Владата на Република Северна Македонија во нејзините клучни агенди, вклучително надворешните и безбедносни работи и политики, пристапните преговори во ЕУ, регионалната соработка и доброто владеење. Норвешката поддршка ќе биде реализирана од страна на Истражувачката Група за Балканска Политика (Balkans Policy Research Group), за што министерот Османи потпиша Меморандум за разбирање со извршниот директор на Групата, Наим Рашити.

Амбасадорот Бјорнстад нагласи дека Норвешка ќе продолжи и натаму да ја поддржува Република Северна Македонија во развивањето на нејзините капацитети за постигнување на нејзините цели, односно нејзиното полноправно членство во Европската Унија. Денешното потпишување на двата Меморандуми за соработка се нова и конкретна потврда за норвешката одлучност за поддршка на  Владата во нејзините напори за зајакнување на институциите.

Покрај за билатерални теми, на средбата се разговараше и за претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, актуелните состојби во регионот на ЗБ, руската инвазија врз Украина и глобалната енергетска криза.

Tags: БјорнстадмеморандумНорвешкаОсманиСеверна Македонија
Next Post

Трамп го губи рејтингот кај републиканците

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk