ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Уважени жалбите на обвинетите во „Таргет-Тврдина“, Апелациски суд ја укина првостепената пресуда

December 16, 2022 13:08
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“ и ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, додека жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна.

–  Апелациониот суд Скопје при разгледување на побивата пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност, со што се доведе во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик, се вели во соопштението од Апелациониот суд Скопје.

Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Таргет- Тврдина“ , по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите Г.Г од С., Т.Ј од О., Г.Ј. од С., Н.Б. од С., С.М. од С., Н.Н. од С. и В.В. од В., изјавени преку нивните бранители и по повод жалбите и по службена должност ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна.

Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година за случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК, изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица.

На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков Судот му изрече казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Судот на поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, во отсуство им изрече казна затвор од по 15 години.

Обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби четири години казна затвор за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков,  Тони Јакимовски е осуден на шест години затвор  за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, а началничката Надица Николиќ доби казна во траење од три години затвор за кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Судот им изрече условни затворска казна од две години на обвинетите Владимир Варелов, Маријан Шумуликовски, Силвана Златкова и Васил Исаковски, за сторено кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување”. За обвинетата Валентина Симоновска Судот изрече условна казна затвор од две години за кривичнoто делo „фалсификување службена исправа“.

Судскиот процес започна на 22.12.2017 година против 11 лица. Во текот на постапката се одржани 53 рочишта, на кои се сослушано 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и голем дел од над 200 оштетени лица.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Таргет-Тврдина“Апелационен суд СкопјеАпелациски судГоран Грујевскиказна затворНикола БошкоскиОсновен кривичен суд СкопјеУБК

НАЈНОВО

Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај, Сиљановска го предложи Славески

May 23, 2025
Фото: МИА

Зошто ги славиме светите браќа Кирил и Методиј?

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научниците создадоа „временско огледало“ – бран што се движи наназад во времето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk