ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Идната недела Владата ќе свика состанок со приватните превозници, ЈСП и Град Скопје

December 16, 2022 13:50
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Седница на Влада. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Седница на Влада. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата идната недела ќе свика состанок со приватните превозници, Јавното сообраќајно претпријатие и Градот Скопје со цел да се информира за каков проблем станува збор.

Ова денеска го посочи премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на која беше презентиран новиот Буџет на Министерството за 2023 година.

– Идната недела ќе собереме информации, да може да се информираме за каков проблем се работи и ќе бидат повикани сите три страни. Секаде каде што Владата може да помогне, во која било општина, без разлика од која политичка партија доаѓа градоначалникот, ние имаме обврска тоа да го направиме во рамки на можностите и надлежностите кои Владата ги има. Таков состанок очекувам да се случи и на него да се информираме за каков проблем се работи, бидејќи во моментов не знаеме, рече Ковачевски.

Сепак, како што посочи, Владата нема никаква надлежност во организирањето на јавниот превоз во градот Скопје.

– Не постои начин и надлежност државата да може да учествува. Дополнително на тоа што овде се работи за деловни односи меѓу приватни превозници и јавно сообраќајно претпријатие кое е во надлежност на Градот, рече Ковачевски.

Премиерот ги коментираше и вчерашните препукувања меѓу градоначалничката на Град Скопје Данел Арсовска и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Сведоци сме на уште една потврда за тоа како функционира Градот Скопје после се она што го слушнавме вчера во медиумите како градоначалникот избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ комуницираат меѓу себе. Тој начин на комуникација и таков начин на однос само покажува зошто 11 години државата ни беше заглавена, зошто беше на сите рангирања на светските независни институти за рангирање на демократијата во државите оценета како заробена држава и истото тоа со истите луѓе се потврди во град Скопје за само една година со уцени, закани со најпогрдни зборви меѓу себе, рече Ковачевски

Tags: Влада на Република Северна МакедонијаГрад СкопјеДимитар КовачевскиЈавното сообраќајно претпријатие ЈСППриватни превозници
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми - Османи: Косово ја избра Европа, бидејќи Косово е Европа, Србија сака да биде „Југославија“ од резолуцијата 1244, српската полиција 11 часа не и дозволува премин во Мердаре на Рада Трајковиќ

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk