Европратеникот од Белгија, Марк Тарабела, иако е суспендиран од неговата партија, ќе остане градоначалник.
Марк Тарабела е меѓу петте главни осомничени во скандалот со поткуп на пратеници во Европскиот Парламент од страна на Катар. Европратеникот пред неколку дена беше суспендиран од страна на неговата социјалдемократска партија, но тој продолжува да негира било каква инволвираност во овој скандал.
Освен европратеник, Тарабела е и градоначалник во општината Антин близу градот Лиеж во Белгија.
Општинскиот совет денеска го потврди продолжувањето на неговиот мандат и покрај скандалот. Оттаму изјавија дека се држат до принципот на пресумпција на невиност за нивниот градоначалник, кој е на оваа функција веќе 28 години. Општината порача дека процедурата и скандалот со поткупот од Катар на ниеден начин не влијаат врз работата и услугите за локалното население