ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Усвоени законски измени за укинување на прогресивното оданочување и даночење камати од заштеди

December 16, 2022 22:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието ги усвои измените на Законот за данокот на личен доход со кој од 1 јануари 2023 година се продолжува со примена на рамниот данок од 10 проценти, односно се укинува прогресивното оданочување и се одложува даночењето на каматите на заштедите до влезот на државава во Европската унија.  Законските измени што беа изгласани денеска, се дел од Концептот на даночна реформа, што го подготви Министерството за финансии, а кој треба да придонесе кон поголема праведност и поправична распределба на даночниот товар, со цел забрзан и одржлив економски раст.

-Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на  личен доход, кои денеска беа усвоени од Собранието, се дел од нашата определба да воспоставиме праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем, во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој додава дека измените во ова законско решение се постигнати преку дијалог и инклузивен процес со сите засегнати страни што го спровело Министерството за финансии и оти целата реформа се темели на Стратегијата за реформа на даночниот систем и има поддршка од Меѓуанродните финансиски институции.

-Со постојниот Закон беше предвидено од 1 јануари 2023 година да се примени прогресивно оданочување, кое претходно беше одложено за период од три години. Затоа и ја отворивме темата и врз основа на анализите и заедно со сите општествени чинители преку организираните дискусии дојдовме до ова решение, за укинување на постојниот модел.  Во наредниот период ќе се изработи нов модел со кој ќе се постигне зацртаната цел, потенцира министерот.

Од Министерството за финансии истакнуваат дека со прифатените измени се проширува даночната база, преку таргетирање на даночните ослободувања  и олеснувања во постојниот систем на данокот на личен доход, се обезбедува поголема праведност на даночниот систем и поправична распределба на даночниот товар по основ на данокот на личен доход помеѓу доходот од труд и доходот од  капитал, а се врши и допрецизирање на постојните одредби.

Меѓу другото, измените предвидуваат оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд стекнати од 1 јануари 2023 година, промена на концептот на оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели  издадени од инвестициски фонд, во однос на периодот на поседување, стапката на оданочување и начинот на пресметување и плаќање на данокот; се допрецизираат и доуредуваат основaта за оданочување на немонетарните бенефиции на даночните обврзници кои остваруваат доход по тој основ, се укинува ослободувањето од оданочување на уплатената премија за животно осигурување, уплатенa премиja за доброволно здравствено осигурување и уплатениот придонес во доброволен пензиски фонд за вработените лица,  се утврдува третман на непризнат расход на целиот износ на уплатената премија за животно осигурување кај самостојните вршители на дејност, се доуредува постапката на даночно изземање или намалување согласно со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување на доходот кој го остварува странско физичко лице и слично.

Во Собранието во наредниот период треба да се усвојат и измените и дополнувањата на Законот за ДДВ и Законот за Данокот на добивка, кои исто така се дел од Концептот на даночна реформа.

Извор: МИА

 

Tags: ддвзаконски измениукинување на прогресивно оданочување
Next Post

Стејт департментот формираше специјален оддел за Кина поради ривалството со Пекинг

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk