Вчера во Албанија се одржа годишниот состанок на Координативниот совет на дијаспората на кој присуствуваше и албанскиот премиер Еди Рама.
Тој во својот говор предложи да почне да се работи на организација на уште еден самит на дијаспората следната година, година што се совпаѓа со 145-годишнината од Призренската лига, каде ќе бидат вклучени Северна Македонија и Косово, пренесуваат албанските медиуми.
„Заблагодарувајќи им се на сите членови на Координативниот совет, предлагајќи да започнеме со организирање следната година, која е јубилејна година на Призренската лига, уште еден самит на дијаспората, се надевам дека ќе го одобрите овој предлог и ќе започнеме со работа за да организираме голем самит на дијаспората и да направиме уште една рунда дискусии, овој пат обидувајќи се да се вклучи повеќе владата на Република Косово и Република Северна Македонија и другите заедници од дијаспората во земјите каде што живеат Албанците“, рече Рама.
Меѓу другото, тој предложи подобро да се користи технологијата за да им се даде можност на албанските специјалисти кои се надвор од границите да ја практикуваат својата професија и во Албанија.
Н. Абдурахм
Извор: ЦИВИЛ Медиа